5 едноставни начини да добиете кремаста овесна каша

Сподели

Овесната каша има многу подобар вкус и текстура кога ќе ѝ додадете нешто кое ќе ја направи покремаста. Разгледајте ги овие пет можности и изберете една која вашиот здрав оброк ќе го направи повкусен и поинтересен.

Реклама

rn

1. Пире од банана

rnДодајте пире од половина банана откако овесните снегулки веќе се добро накиснати или зготвени и добро промешајте. Тешко дека потоа ќе барате друг додаток за овесната каша.rn

2. Меко тофу сирење

rnНе плашете да ставите меко тофу сирење во овесната каша за да биде кремаста. Тоа нема вкус и сигурно вашиот засладувач ќе дојде до израз и нема да се смени вкусот. Додајте неколку лажици од него кога овесот е добро накиснат или зготвен.rn

3. Кокосово млеко

rnНа вообичаениот рецепт за овесна каша додајте уште 100 милилитри кокосово млеко за поинаква текстура. И дома можете да подготвите кокосово млеко според овој рецепт и потоа да го користите со овесната каша.rn

4. Пире од јаболка

rnНе само што овесната каша ќе стане кремаста, туку и неговиот вкус е прекрасен. Можете да го употребите овој рецепт за таа намена.rn

5. Путер од јаткасти плодови

rnЕдна или повеќе лажици путер од кикирики или какви било јаткасти плодови ќе направат чуда за вашиот оброк. Истовремено додаваат и протеини и добри масти на појадокот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира