4 причини да престанете да седите со вкрстени нозе
Вие сигурно ги вкрстувате вашите нозе барем еднаш додека вечерате, работите на вашата работна маса или пак, на кое било место каде што седите. Всушност, има големи шанси дека не ни забележувате дека го правите тоа, вие едноставно седнувате на столица и веднаш ја поставувате едната нога врз другата, исто како што правевте со години претходно.
Но, експертите почнуваат да предупредуваат за оваа лоша навика. Вкрстувањето нозе може да има негативно влијание врз вашето здравје. Еве што треба да знаете…
Тоа предизвикува болки во грбот и вратот
Според ортопедот Вивијан Ејсентад, вкрстувањето нозе води кон болки во грбот и вратот. Кога седите на овој начин, вие го поставувате вашето тело во странична позиција, која води кон ротација на една од вашите карлични коски. Бидејќи вашата карлица е основата за поддршка на вашиот ‘рбет, оваа позиција поставува непотребен притисок на вашиот врат и грб.
Колку подолго седите со нозете вкрстени, толку повеќе притисок правите на вашиот ‘рбет и ги зголемувате шансите да го развиете овој проблем. И покрај тоа што е невозможно постојано да одржувате правилно држење на телото, таа препорачува да се обидете повеќето од времето да седите со вашите колена под агол од 90 степени со цел да ја балансирате карлицата.
Поврзано е (најверојатно) со проширените вени
Изгледа дека медицинската заедница е поделена во две групи кога станува збор за поврзаноста помеѓу вкрстените нозе и проширените вени. И покрај тоа што некои доктори велат дека тие настануваат исклучиво од генетика, бременост, изложеност на сонце и континуирано седење долго време, другите како кардиологот Хуман Медион велат дека постои индиректна врска помеѓу овие две нешта.
Вкрстувањето на нозете го зголемува притисокот во вашите вени кои се одговорни за враќање на крвта во вашето срце. Притисокот предизвикан од едната нога врз другата го отежнува крвотокот и може да доведе до ослабување на вените во вашите нозе. Доколку вените се оштетени или ослабени, крвта може да се задржува во нив, притоа формирајќи проширени вени.
Го зголемува вашиот крвен притисок
Крвта во вашите нозе треба да биде насочена кон вашето срце во движење кое е спротивно од гравитацијата. Тоа е тешка работа, дури и без вие да ја дотежнувате со вкрстените нозе, но кога седите во таа позиција вие го зголемувате отпорот на движењето на крвта. Како резултат, вашето тело мора да го зголеми крвниот притисок со цел да ја турне крвта назад кон вашето срце.
Вие нема да почувствувате никакви симптоми кога вашиот крвен притисок се зголемува, но доколку ова постојано се повторува, зголемениот крвен притисок може да предизвика долготрајни здравствени проблеми. Па, планирате да седите долго време? Не ги вкрстувајте нозете.
Ги нарушува нервите во вашите стапала
Вкрстените нозе не само што влијаат врз патот на крвта до вашето срце, туку и имаат влијание врз вените и нервите во вашите нозе и стапала. Вкрстувањето на нозете кај колената создава притисок врз главниот нерв во вашите нозе кој поминува веднаш под коленото од надворешната страна на ногата. Според д-р Ричард Грејвс, притисокот може да предизвика отрпнатост и привремена парализа во некои од мускулите на вашите нозе и стапала, така што не можете да ги подигнете вашите зглобови.
И покрај тоа што ова чувство е привремено, тој вели дека постојаното седење со вкрстени нозе во иста позиција може да предизвика оштета на нервите која резултира со долготрајна отрпнатост во вашите нозе. Најдобриот совет е да не седите со вашите нозе вкрстени.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.