Клучни разлики во вашето однесување кога сте сингл и кога сте во врска

Клучни разлики во вашето однесување кога сте сингл и кога сте во врска

Оние кои се сингл веруваат дека никогаш нема да се променат. Тие би се обложиле со вас дека доколку влезат во врска, тоа нема да влијае тие да престанат да излегуваат, да се дружат секојдневно со пријателите или пак, дека нивниот социјален живот ќе претрпи каква било промена. Но, и покрај сè, сепак нивниот живот се менува целосно. Погледнете ги 13-те најголеми промени кои ги доживуваат сите оние кои преминале од љубовен статус сингл во врска…

Клучни разлики во вашето однесување кога сте сингл и кога сте во врска

1. Кога сте сингл обожавате да излегувате со вашите пријатели, но кога сте во врска, многу поретко се гледате со нив.

2. Кога сте сингл многу често пиете алкохол и не ви пречи вашето однесување на забавите, но кога сте во врска сметате дека во јавност е доволно да се напиете само една чаша вино.

3. Кога сте сингл се грижите само за еден роденден – вашиот, но кога сте во врска чувствувате обврска да ги следите родендените на сите личности во неговиот/нејзиниот живот.

4. Кога сте сингл мразите романтични комедии (барем тоа им го кажувате на другите), но кога сте во врска не се чувствувате под притисок да лажете за вашите моменти кога едноставно имате потреба од вакви приказни.

5. Кога сте сингл ги следите сите згодни момци или девојки на социјалните мрежи, но кога сте во врска вие се следите еден со друг додека ги завршувате секојдневните обврски.

6. Кога сте сингл ретко кога вашиот фрижидер е полн, но кога сте во врска во него има сè што тој/таа би посакале во секој момент.

7. Кога сте сингл порачувате храна која е исполнета со маснотии, но откако сте во врска се грижите повеќе за вашиот изглед и здравје.

8. Кога сте сингл понекогаш од толку многу забави и лудории заборавате и по неколку денови да им се јавите на вашите родители, но кога сте во врска секојдневно наоѓате време за нив.

9. Кога сте сингл наоѓате време да гледате порно секојдневно, понекогаш и по два пати, но кога сте во врска се грижите секој ден да се туширате, понекогаш и по два пати.

10. Кога сте сингл постојано објавувате фотографии од вашето секојдневие на Инстаграм, но кога сте во врска… Всушност сè уште го правите истото.

11. Кога сте сингл го гледате вашиот живот во иднина со премногу забави и патувања, но кога сте во врска го гледате вашиот живот покрај вашиот партнер, на каучот и пред телевизор.

12. Кога сте сингл обожавате да бидете пријателски настроени и социјални, но кога сте во врска не помните кога последен пат сте се насмеале на личност од спротивниот пол која не ја познавате.

13. Кога сте сингл бегате во планина за време на вашиот циклус, но кога сте во врска не се плашите да ја покажете оваа страна од себе и пред вашиот партнер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    wow!

  2. Maja Reply

    WOW!

Остави коментар