КАФЕ ПАУЗА

Нови адети за невообичаена свадба

Written by

in

,

Ако сте од оние кои сакаат свадбата да им изгледа уникатно и ослободена од традиционалните адети, ви нудиме 8 оригинални решенија.rn

1. Светулки во воздухот

rn1-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnТие може да претставуваат замена за традиционалното држење свеќи. Палењето на ваквите светилки ќе ја задржи истата симболика како и пламенот на свеќата, само што овој пат ќе може сите поканети да бидат активно вклучени.rnrnОткако вие и вашиот иден сопруг ќе ја пуштите првата светилка да се издигне во воздухот, тогаш и гостите можат да ги пуштат своите светулки кои ќе бидат во различни бои од вашата. Тоа ќе биде симбол на нивната надеж за вашата љубов и меѓусебно разбирање.rnrnДруга идеја поврзана со светулките е секој од гостите да ви напише по една желба која посакува да ви се оствари и да ја пушти на небото задно со светулката. Така ќе добиете јато од пораки кои ќе бидат испратени до небото.rn

2. Порака во јајце

rn2-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnОва е идеја за сите оние парови кои сакаат меѓусебно да си подарат добро осмислен подарок. Она кое треба да го направат е и двајцата сопружници да земат по едно јајце. Јајцето ќе го прободете од горната и долната страна, за да истече целата течност од него и да остане само лушпата. Преку тесниот отвор ќе внесете едно ливче со ваша порака или желба до партнерот. Лушпата украсете ја онака како што вие сакате и на свадбата разменете си ги јајцата. Пораките кои се во нив прочитајте ги за време на некој ваш значаен момент: Раѓањето на вашето бебе, годишнина од брак итн. А до тогаш јајцето ќе претставува убава декорација и потсетник на вашата љубов.rn

3. Отпечатоци од прсти

rn3-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnАко сте од оние кои не сакаат да се расфрлаат со пари за скапи прстени и сметате дека подобро истите пари да ги дадете за ексклузивен меден месец, тогаш имаме идеја за вас.rnrnОд надворешната или внатрешната страна на вашиот златен или сребрен прстен отпечатете го отпечатокот од прстот на вашиот партнер.rnrnСимболиката е да имате отпечаток со кој вашиот партнер го закружува вашиот прст во симбол на единство.rn

4. Катанец и клуч

rn4-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnЗа оваа идеја ви се потребни два катанци и два клуча кои ќе ја симболизираат личноста на сопружниците. Можете да изберете какви било катанци и клучеви, раскошни или обични сеедно.rnrnИма повеќе варијанти на оваа идеја. Едната е доколку има вода во близина на церемонијата заклучените катанци со клучевите да ги фрлате во водата. Но, доколку не сте во близина на вода, тогаш повторно симболично ги заклучувате катанците, но клучевите ги чувате, за потоа да ги отклучите катанците во вашето ново живеалиште.rnrnУште една варијанта е, по церемонијата да ги поставите катанците на местото каде прв пат сте се сретнале. Идејата е засекогаш да останат заедно заклучени и да ја чуваат безбедноста во бракот.rn

5. Мапа за патувања

rn5-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnОваа идеја е поврзана со медениот месец и ги вклучува и вашите најблиски. Она што треба да го направите е да земете една голема карта на светот. Дајте им ја на вашите родини и пријатели тие да ви посочат места за меден месец кои сметаат дека вам ќе ви бидат најинтересни и да ги назначат со иглички на картата. За меден месец одберете го местото кое има најмногу забодени иглички. Потоа урамете ја и закачете ја картата на ѕид и отворете „штеден фонд“ за вашите следни патувања. Па, така во текот на вашиот заеднички живот, остварувајте ги сите патувања кои ви ги предложиле блиските.rn

6. Крофна торта

rn6-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnНаместо да давате вртоглави суми за свадбени торти и колачи, поедноставете ја работата со крофни. Поставете ги крофните во сад на катови, прекријте ги со шлаг или со шеќер во прав за да изгледаат поелегантно. За поспецифичен вкус додадете ванила или друг вид арома.rnrnНе само што ова е поевтина варијанта туку е и поедноставна и за децата затоа што се полесни за сервирање и за јадење.rn

7. Артистички букет

rn7-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnОва е супер идеја за сите оние девојки кои се љубители на читањето и некоја која почесто ќе можете да ја најдете во кафетерија отколку во ноќен клуб. Наместо цветови кои се скапи и кои ќе овенат за една недела направете уникатен букет од омилените книги и извадоци.rnrnСо фаќање на букетот не само што споделувате среќа, туку споделувате и книжевен вкус. Истава идеја може да се направи и со листови со петолиние за музичари или со цртежи за ликовни уметници.rn

8. Здравица

rn8-novi-adeti-za-nevoobichaea-svadba-kafepauza.mkrnrnСмислете рецепт за коктел кој подоцна ќе го именувате по невестата и младоженецот. Кога ќе биде главната здравица сите да наздрават за среќа на брачниот пар со тематскиот коктел. Исто така можете да приложите мени каде што имињата на коктелите ќе бидат поврзани со некои ваши носталгични моменти и гостите ќе треба да погодат според името за кој коктел станува збор.