Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

Медиумите се преплавени со фотографии од млади и прекрасни парови, но што се случува со безвремената и неизмерлива врска која постои помеѓу паровите кои се заедно повеќе од 50 години? Ова е една од причините зошто фотографката Лорен Флишмен решила да ја овековечи љубовта со топли и нежни портрети од парови кои живеат заедно повеќе од половина век. Оваа прекрасна серија на фотографии е наречена „The Lovers“ и покрај портрети вклучува и приказни за нивната љубов кои овие добри луѓе решиле да ги споделат со светот.

Евгениј и Љубов Кисин

Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

„Се запознавме на танцова забава. Тоа беше во јануари 1938 година. Еден мој пријател ме покани на забавата и ми кажа дека ќе има многу прекрасни млади девојки. Друг кадет со високи чизми ѝ пристапи таа вечер, но таа не сакаше високи чизми и го одби. Јас бев вториот кој ѝ пристапи и носев друга униформа, но сè уште не сум сигурна дали во тој момент ја привлече моето лице или мојата униформа.“

Јаков и Марија Шепирштен

Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

„Која е тајната за љубов? Тајната си е тајна и јас не ги откривам моите тајни!“

Мозес и Теси Рубенштајн

Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

„Секој ден мојата жена ја искажува нејзината љубов кон мене. Таа вели, ‘Ти кажав ли денес колку многу те сакам?’ Секој ден го кажува истото.“

Леон и Хариет Болотин

Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

„Јас отсекогаш знаев дека ќе бидам со Хариет.“

Џон и Шерма Кемпбел

Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

„На почетокот, мислите дека се сакате најмногу на светот, но љубовта расте, исто како што растете и вие. Како што поминува времето така вие се здобивате со искуство. Во моментов, во оваа фаза од играта јас го сакам дури повеќе од било кога. Не можам да го замислам животот без него.“

Џозеф и Дороти Болотин

Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

„Јас никогаш не размислувам за годините. Јас размислувам за добрите времиња. Во љубовта, жешката романса не трае долго. Токму затоа би кажала да, мислам дека љубовта се менува. Ќе кажам и дека сè уште сме заљубени. Тој е прекрасен човек.

Фред и Френ Фатерман

Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

„Морате да запомните дека времињата се различни. Ние се запознавме во 1939 година и немавме воопшто пари. Токму затоа нашата група од пријатели секогаш се сретнуваше во подрумот на нашата пријателка Бети. Тогаш немаше нешта како состаноци и вечери. Ние не ги познававме тие работи бидејќи немавме пари. Наместо тоа, едноставно уживавме во нашето присуство.“

Ајтиг и Голда Полак

Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

„Ние се познававме уште пред војната, но никогаш не разговаравме. Тој беше со други девојки бидејќи беше многу постар од мене. Знаете, тој изгледаше навистина добро! Работеше како кројач и имаше свое место каде што правеше костуми за мажи. Кога се вративме од војната тој живееше во куќата на сестра ми, каде што живеев и јас. Во август оваа година ќе бевме заедно 63 години. Ќе кажам дека љубовта доаѓаше малку по малку. Не веднаш. Ние бевме млади и тој беше постар, но мене ми се допаѓаше. Тој ми се обраќаше на многу љубезен начин.“

Џејк и Мери Џејкобс

Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

„Џејк ми кажа, ‘Дали некогаш би било возможно да те оженам?’ На ова јас му одговорив, ‘Можно е, но не многу веројатно.’ Така и беше. Не верував дека некогаш ќе се омажам за него, но тој знаеше. Токму затоа кога си замина во својот дом, моите родители се опуштија. Но, почна да ми пишува и ми кажа дека можеби повторно ќе се врати во Англија.“

Џино и Енџи Теранова

Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

„Вие навистина не размислувате за стареењето. Најпрво, стареете заедно и кога една личност постојано ја гледате, не забележувате големи промени. Не ги забележувате брчките, но еден ден конечно ќе сфатите дека постојат. Овие нешта едноставно се случуваат. Вие не обрнувате внимание на малите нешта. Вие не ги забележувате. Јас не размислувам секој ден дека мојот сопруг има 83 години. Ох Боже, мажена сум со старец. И сигурна сум дека и тој го мисли истото.“

Џин Лин Чен и Лаи Меи Чен

Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

„Се запознавме кога живеевме во Кина. Јас бев на одмор во друг град и се видовме само 3 дена. Ние живеевме далеку еден од друг, па кога се вратив дома почнав да праќам писма. Во тоа време немавме ни телефон! Ние си пишувавме писма и чекавме по 20-тина дена за нашите писмата да пристигнат кај другиот. Ова се случуваше 5 години.“

Алдо де Спањолис и Марија Филоци де Спањолис

Заљубени повеќе од 50 години: Која е нивната приказна?

„Кога прв пат ја здогледав, таа имаше 14 години, а јас 22. Дали се грижев дека таа беше премала за мене? Не! Дури и сега ја гледам како мало дете. Да, дури и сега се чувствувам младо.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар