6 бесплатни апликации со кои ќе го најдете изгубениот или украдениот андроид смартфон
Ако сте го изгубиле или ви го украле вашиот андроид смартфон, не е крај на светот како што беше некогаш. Денес можете да си инсталирате уште веднаш некоја од овие апликации со чија помош ќе го најдете кога ќе го снема. Доколку сакате да симнете некоја од нив, клик на поднасловот ќе ве однесе до местото од каде што можете да го сторите тоа.
1. Where’s My Droid
Оваа апликација ќе ви овозможи лесно да го лоцирате вашиот телефон. Кога ќе го снема, можете од друг телефон да испратите текстуален код до него со цел да направите тој да заѕвони во рацете на крадецот дури и кога е на вибрации или пак за да добиете назад текст со GPS координатите на телефонот. Доколку ја користите Pro верзијата на Where’s My Droid, која се плаќа, ќе можете од каде било да правите слики со вашиот изгубен или украден андроид смартфон со цел да сфатите каде е тој.
2. Plan B
Plan B е многу едноставна апликација која може да ви помогне дури и да не сте ја инсталирале пред да го снема вашиот телефон. Треба само да ја инсталирате на кој било телефон и потоа од него да испратите порака со текст „Locate“ на вашиот број. Оттогаш таа ќе почне со GPS следење на исчезнатиот смартфон, ќе ви испраќа информации на вашата gmail сметка за тоа каде е и така лесно ќе го најдете.
3. Lost Android
Со оваа апликација можете од каде било преку СМС да го вклучите украдениот телефон по што тој ќе почне да ѕвони нападно и да свети најсилно што може. Исто така ќе можете да го вклучите или исклучите GPS следењето, да фотографирате со него, да ги избришете вашите фотографии, видеа и пораки од мемориската картичка и да видите кон кои броеви се јавувал крадецот откако го украл телефонот. Звучи неверојатно, но апликацијата има и систем со кој текстот го претвора во говор кој секој може да го чуе додека крадецот ракува со телефонот. Ќе бидете известени по имејл ако биде променета СИМ картичката. Доколку сте заборавиле да ја инсталирате пред да го загубите телефонот, тоа можете да го сторите и подоцна без крадецот да забележи.
4. SeekDroid: Find My Phone
Ова е апликација која, како и претходните, овозможува GPS следење, бришење на податоци, ѕвонење итн., но се разликува по тоа што работи и кога СИМ картичката е извадена. Со доплаќање за Pro верзијата ќе имате можност да добиете и мапа со линијата на движење на смартфонот и насоката кон која се движи во моментот.
5. AntiDroidTheft
Инсталирајте ја оваа апликација за да можете на интернет да следите какви фотографии се правени со вашиот украден смартфон, какви промени со СИМ картичката се направени и следете го преку GPS.
6. Prey Anti-Theft
Prey Anti-Theft мора да се инсталира пред да исчезне телефонот. Ја активирате преку СМС порака со текст „GO PREY“ и потоа на нивната интернет страница треба да го маркирате вашиот телефон како некој што е исчезнат. Оттогаш ќе почнете да добивате известувања за тоа каде тој се наоѓа. Крадецот не може да ја избрише апликацијата, затоа што тоа е можно само со лозинка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
A oti ima slika so Iphone a se rabori za Android telefon 🙁
Sto ako kradecot naptravi back up and reset na telefonot???