Велат дека врската помеѓу мајката и детето е единствена по својата природа. Поврзаноста која постои во таа врска е незаменлива и никој не може да го заземе местото на мајката во животот на детето. Таа е сѐ: мајка, најдобра пријателка, доктор, учител и сѐ останато на кое ви текнува во овој момент. Не постои личност која може да ја замени и не постои некој кој ќе ве сака и гледа како што го прави тоа мајката.rnrnПостои една еврејска поговорка која гласи: Господ не можел да биде насекаде и затоа ги создал мајките. Со други зборови, мајката е најголемиот заштитник на детето, таа игра огромна улога во неговото растење и развивање како личност и како таква, нејзината љубов е и повеќе од важна во емоционалната стабилност која се развива кај детето. Што е најважно, кога станува збор за мајките, нема потреба од зборови. Тие можат да го почувствуваат тоа што вие го чувствувате и ќе најдат начин да ви помогнат како што никој тоа не може да го направи.rnrn
rnrnВо кратки црти, еве зошто мајките се посебни и единствени.rn
Таа е најважната личност во нашиот живот
rnНа мајките им припаѓа посебно место во срцата на нивните деца, додека децата се целото срце на нивните мајки. Мајката е единствената личност која, и покрај сѐ, се стреми да го заштити своето дете, да направи да му биде подобро. Никој друг не би бдеел над нас цела ноќ кога сме болни, никој друг не би го истрпел секое наше однесување и никој друг не би се нафатил да го заземе нашето место (доколку е можно) кога сме во неволја.rnrn
rn
Таа се грижи за нас во секоја ситуација
rnСпособноста секогаш да се на штрек е како вродена во секоја мајка. Таа може да почувствува кога не ни е добро и тогаш нејзиниот мајчински инстинкт предизвикува таа направи сѐ што е во нејзина моќ за да ни биде подобро. Поради таа нежност и грижа, ние стануваме подобри личности, понежни, носиме повеќе љубов и грижа кон другите во нас.rnrn
rn
Таа секогаш нè поддржува, цени и штити
rnДури и кога ние самите ќе изгубиме верба во себе, мајката никогаш нема да го направи тоа. Таа секогаш нè охрабрува да бидеме подобри бидејќи знае дека го можеме тоа, но и нè критикува кога знае дека одиме по погрешен пат. Таа нè почитува и сака бескрајно, се радува на нашите успеси и нè поддржува кога го правиме првиот чекор кон нешто подобро, а нејзиниот заштитнички став кон нас е како метален оклоп пред сите други.rnrn
rn
Таа е нашиот најголем учител
rnУште од најрана возраст мајките се учители за своите деца. Почнувајќи од најосновните работи додека сме мали, па сè до оние важни совети и лекции кои нè следат во животот. И тоа учење никогаш не претставува. Таа го мисли и го сака најдоброто за нас, па нејзините совети се секогаш со најдобра намера и, и тоа како добредојдени, без разлика дали сме свесни за тоа или не. Таа е единствената личност која секогаш има мислење за сѐ што ни се случува и совет кој може да ни помогне. Таа е личноста која поминала низ сито и решето сè и за нас, па затоа и е најголемиот учител кој некогаш ќе го имаме.rnrn
rn
Таа е нашиот најдобар и најверен пријател
rnМајката е личноста на која можеме бескрајно и без трошка сомнеж да ѝ веруваме. Секогаш спремна да нè ислуша, дури и кога очите ѝ се затвараат од замор, со грижа во нејзиниот глас и срце и ум отворени за што и да сакаме да ѝ кажеме, а на крајот секогаш подготвена со силна прегратка и нежен збор. Неа секогаш може да ѝ се довериме бидејќи не само што ќе го добиеме најдобриот совет кој е комбинација на мајчинска љубов, искуство и најдобри мисли, туку и можеме да сме сигурни дека никогаш нема да нè издаде. Дури и кога имаме чувство дека не нè разбира што зборуваме бидејќи всушност ние не можеме да разбереме што таа сака да ни каже, со тек на време гледаме дека била целосно во право. Таа е нашиот најдобар пријател, а тоа пријателство е доживотно и бесценето.rnrn
rn
Таа е вработена 24/7
rnОна што сите го забораваат е дека работата на мајката не подразбира работно време. Таа е мајка 24 часа, 7 дена во неделата и е постојано на штрек кога станува збор за нас децата. И уште повеќе, пауза од оваа нејзина должност не доаѓа предвид. Дури и кога ни е лута, дури и кога ќе ја изнервираме, дури и кога ќе ја повредиме. Таа нè сака со цело срце и душа, се грижи за нас и не мисли дури и кога спие и прави сѐ за наше добро дури и кога не ни се чини дека е така. Таа е личноста која не се жали, која не легнува да одмори иако е болна, таа нè храни и одржува во живот. Иако веќе работи една работа, кога ќе дојде дома нејзините работни и мајчински задачи тукушто почнуваат.rnrnЕдинственото место на кое секогаш може да се потпрете е дома. И додека сите други врски во вашиот живот се релативни, онаа со семејството е единствената која никогаш нема да ве изневери.