Постојат дилеми околу тоа што е поштетно – алкохолот и цигарите или марихуаната, а група американски научници го разрешија делот кој се однесува на ризикот од смрт поради употребата на некоја од овие супстанци.rnrn
rnrnЗаклучокот бил дека алкохолот носи најголем ризик од смрт од сите испитани супстанци, а веднаш зад него биле хероинот, кокаинот и тутунот. На дното на листата била марихуаната со приближно 114 пати помала опасност од алкохолот. Истражувачите ги направиле овие пресметки според смртоносната доза од одредена супстанца споредена со дозата која ја користи просечен корисник. Овие резултати сепак не значат дека користењето на марихуаната е безопасно. Веќе пишувавме за тоа како таа влијае на мозокот, а покрај тоа придонесува и за намалено либидо.rnrnИнаку оваа студија не била изработена за да истакне дека марихуаната е помалку опасна од други супстанци, туку да покаже колку се потценува штетното влијание на алкохолот. Претставено на дијаграм, тоа изгледа како на следната слика.rnrn
Алкохолот и цигарите ќе ве убијат побргу од марихуаната
