5 прекрасни нешта кои на почетокот од секоја љубовна врска го разигруваат вашето срце
На почетокот од љубовната врска постои многу исчекување, а токму тоа предизвикува тензија која доколку тргне во вистинската насока може да биде причинител на многу силни и позитивни чувства. Постојат многу начини на кои тој може да го разигра вашето срце, но следниве 5 „фази“ кои настануваат на почетокот од секоја врска се оние кои имаат најголемо влијание врз нас…
1. Првата порака
Вие сте излезени со вашите пријатели и сретнувате личност која многу ви допаѓа. Се запознавате, накратко разговарате, се смеете и му го оставате вашиот број. Од тој момент па натаму започнува исчекувањето на првата порака. Вие постојано го проверувате мобилниот телефон и секогаш кога ќе го слушнете тонот за нова порака вашето срце заигрува од возбуда. И кога конечно тој ќе ви пише на вашето лице се појавува насмевка која никој и ништо не може да ја тргне.
2. Бакнежот
Зарем има нешто поневеројатно од првиот бакнеж? Вие стоите блиску еден спроти друг и разговарате на некоја сигурно многу глупава тема која ниту еден од вас не ја следи. Се гледате во очи и одеднаш настанува неколку секундна тишина која ви дава знак дека тој во секој момент ќе ве бакне. И тоа се случува, тој ве бакнува. Вие одеднаш чувствувате неверојатна среќа ширум целото ваше тело, а срцето толку брзо почнува да ви чука што мислите дека ќе ви излезе од градите.
3. Држењето за рака
На почетокот, вториот состанок знае да биде исто толку непријатен како првиот. Оваа непријатност започнува уште пред да се сретнете прашувајќи се како ќе се поздравите. Дали е соодветно да се прегрнете, бакнете или само да се ракувате. Токму затоа се одлучувате за најмалку ризичната опција, а тоа е да го прегрнете и бакнете во образ, меѓутоа во близина на неговата уста. Како што продолжувате кон вашата дестинација, еден покрај друг, така тој ја поставува својата рака врз вашата и одеднаш сфаќате дека вие одите држејќи се за раце и се обидувате најсилно што можете да ја скриете вашата возбуда. Фактот што тој ве држи за рака е еден начин да му покаже на светот дека вие сте негова и токму оваа помисла го разигрува вашето срце.
4. Јавна објава за статусот на вашата врска
Овој момент е исполнет со амбивалентни чувства. Вие сте истовремено и горди на новиот чекор во вашата врска, но и малку се плашите од фактот што тој за прв пат ќе ве нарече негова девојка. Тоа најчесто се случува кога тој ве запознава со неговиот круг на пријатели и кога сите погледи се насочени кон вас, странецот. Во тој момент тој ве повлекува покрај себе, ве претставува како своја девојка и сите почнуваат да ви честитаат. Токму тогаш сфаќате дека победивте и дека конечно дојде вашиот момент да сјаете.
5. Првата вечер помината со него
Вие за прв пат ќе се разбудите покрај него и ќе го поминете целиот ден заедно. Откако ќе се расоните, ќе се напиете кафе, ќе прошетате на свеж воздух, ќе гледате филм и ќе видите како изгледа денот поминат со него. И не само тоа, сигурно вечерта ќе разговарате за вас и за сите оние нешта кои ви се случиле досега (вклучувајќи ги и исповедите за срамните моменти од почетокот на врската) и ќе си ги кажете искрено чувствата кои тој можеби никогаш не би ги признал пред своите пријатели. Во тој момент сфаќате дека вие ја имате вистинската личност покрај себе.