Месец на филмската љубов: 15 филмови кои ќе ви го растопат срцето
Автор: Сара Турановиќ
За да го заокружиме најљубовниот месец во годината, ви презентираме листа од безвремени филмски предлози во кои ќе уживаат сите оние кои се заљубени, како и оние кои сè уште не се, но сепак не престануваат да веруваат во љубов.
1. „Валкан танц“ (Dirty Dancing)
„Јас? Јас се плашам од сè. Се плашам од она што го видов, се плашам од она што го направив и од тоа која сум, а најмногу се плашам да излезам од оваа соба и никогаш, до крајот на животот, да не го почувствувам она што го чувствувам кога сум со тебе.“
2. „Меч поинт“ (Match point)
„Мора да научиш да ја ставаш вината под тепих и да продолжиш понатаму, во спротивно таа ќе те победи.“
3. „П.С. Те сакам“ (P.S. I Love You)
„Драга Холи. Имам чувство дека ова е моето последно писмо, затоа морам да ти кажам уште една работа. Ти си смислата на мојот живот, но јас сум само едно поглавје во твојот. Не плаши се да се заљубиш повторно.“
4. „Однесено од виорот“ (Gone with the Wind)
„Тебе треба да те бакнуваат, и тоа почесто. И тоа треба да го прави некој што знае што прави.“
5. „Револуционерен пат“ (Revolutionary Road)
„Ако да бидеш луд значи да живееш живот кој има смисла, тогаш не ми е грижа дали сум целосно полудена.“
6. „Небо од ванила“ (Vanilla Sky)
„Секоја минута која поминува е нова шанса да промениш сè.“
7. „Студена планина“ (Cold Mountain)
„Она што сме го изгубиле никогаш нема да се врати. Земјата нема да заздрави – има премногу крв. Сè што можеме да направиме е да научиме од минатото и да се помириме со тоа.“
8. „Запознајте го Џо Блек“ (Meet Joe Black)
„Земи ја љубовта, помножи ја со вечноста и стави ја во длабочините на бесконечноста… И ќе имаш мал увид во она што го чувствувам за тебе.“
9. „Големиот Гетсби“ (The Great Gatsby)
„Тој знаеше дека кога ќе ја бакне оваа девојка, нема да сака да бакне никоја друга и дека тој бакнеж ќе се вреже длабоко во неговата свест. Затоа подзастана, само на момент зеде воздух, малку подолго пред неговите усни да се спојат со нејзините. А потоа ја бакна. Кога неговите усни ги допреа нејзините расцутени усни, спојот беше величествен, и тој се предаде.“
10. „Чудесната судбина на Амелија Пулен“ (Amelie)
„Последното нешто што би била е вегетаријанка – дури и артичоките имаат срце.“
11. „Љубов, всушност“ (Love Actually)
„Знаеш како знаеш дека си заљубен? Кога лежиш во кревет и не можеш да заспиеш бидејќи реалноста е конечно подобра од сништата.“
12. „Бележникот“ (The Notebook)
„Најдобар вид љубов е онаа која ни ја буди душата и нè тера да бараме повеќе, која распалува оган во нашите срца, а носи мир во нашиот ум. Ти тоа ми го даде, а се надевам дека и јас ќе можам да ти го овозможувам тоа, засекогаш.“
13. „Најдоброто од мене“ (Best of Me)
„Не го слушај мојот совет. Не слушај ничиј совет. Верувај во себе. Во добро и во лошо, во среќа и во несреќа, тоа е твој живот и сè што ќе направиш од него зависи исклучиво од тебе.“
14. „Пред изгрејсонце“ (Before Sunrise)
„Дали знаеш што сакам? – Што? – Да бидам сакана. – Па, тоа можам да го направам.“
15. „Илузионист“ (The Illusionist)
„Зошто го правиш ова? – За да бидам со неа.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.