Зошто чаша вино е подобра опција од вежбањето?

Зошто чаша вино е подобра опција од вежбањето?

Поелегантен пијалак од виното не постои, совршено е за секоја пригода и за секое расположение, а меѓу поважните факти е дека има позитивно влијание врз нашето здравје. Среќни, тажни, нервозни или гневни, чаша вино прави сите наши маки да изгледаат малку поедноставно. Во убаво друштво и со добра музика, па дури и кога сакаме само да се испружиме на каучот, виното на лесен начин нè опушта и смирува. Па додека некои вишокот енергија, емоции и сѐ останато го празнат на вежбање во теретана, за оние кои ја немаат таа желба, а се чувствуваат лошо поради тоа, еве неколку причини зошто виното е сепак подобро од вежбањето.

(1)-zoshto-chasha-vino-e-podobra-opcija-od-vezhbanjeto-kafepauza.mk

Слабее

Црвеното вино содржи ресвератрол, тип природен фенол, кој кога ќе се најде во организмот го формира соединението пицеатанол. Многу истражувања покажале дека токму пицеатанолот влијае така што спречува создавање на нови и развивање на веќе оформени масни клетки во нашето тело. Вежбањето го прави истото, но на овој начин нема потење и замор.

Расположува

Виното е најдобриот лек за сите типови чувства, особено за оние не толку убавите. Без разлика за што станува збор и дали сте тажни, лути или нервозни, виното дефинитивно наоѓа начин да допре до вас и да ве расположи за многу кратко време. Иако и со вежбање ќе ја исчистите негативната енергија, оваа верзија звучи многу поедноставно и позабавно нели?

Води кон секс

Секому е познато дека виното влијае на сексуалноста кај луѓето, односно на нивните нагони да имаат секс. Па кога имањето секс и пиењето вино ќе се искомбинираат заедно, добивате прекрасна мешавина на уживање и трошење калории. А сексот е секогаш подобра опција во однос на сѐ останато.

Спречува болести

За разлика од теретаната која е полна со бактерии, прашина и нечистотии, виното е само по себе дезинфекција за организмот. Тоа е полно со антиоксиданси кои помагаат во борбата против настинките. Според истражување направено во 2010 година, оние луѓе кои пијат повеќе од 14 чаши вино неделно имаат 40% помалку шанси да се разболат од оние кои не го прават тоа.

Зближува

Дали е тоа во кафуле или во домашна атмосфера, виното ги зближува луѓето на начин на кој вежбањето нема никогаш да успее во тоа. Бидејќи влијае на расположението и опушта, виното прави да бидеме поотворени и порасположени за комуникација и запознавање нови луѓе или зближување со оние кои веќе ги знаеме.

Ги зајакнува забите

Ако вежбањето во теретана ја зголемува веројатноста да се повредите себеси и своите заби, виното го прави токму спротивното. Додека уживате во своето или во нечие пријатно друштво со чаша црвено вино, вашите заби се зајакнуваат бидејќи тоа влијае на нивното зацврстување, со што се намалува веројатноста за нивно трошење и слични заболувања.

Го продолжува векот на живеење

Многу истражувања покажале дека луѓето кои пијат вино живеат подолго од оние кои пијат (или воопшто не пијат) друг вид алкохол. За разлика од ова, присилното вежбање за кое немаме никаква волја, може само да предизвика стрес кај нас кој ќе влијае на кратење на нашиот век на живеење. Меѓу другото, полифенолите кои се составен дел од виното го одржуваат телото помладо подол период.

Вежбањето и пиењето вино се две сосема различни работи со свои предности и недостатоци. Но целта и кај двете може да биде таа да имаме здраво и младо тело и тоа што подолго. Иако оваа цел може да се оствари и со двете методи, кога би биле најискрени, која е многу позабавна и попривлечна?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар