ŠKODA Superb - Новата ера на ŠKODA

ŠKODA Superb – Новата ера на ŠKODA

Светска премиера на новиот знаменосец на ŠKODA во Прага

3-skoda-superb-новата-ера-на-skoda-kafepauza.mk

  • Свечено претставување пред 800 гости од целиот свет во „Форум Карлин“ во Прага
  • Полн со емоции: ŠKODA Superb го има новиот револуционерен ŠKODA дизајн
  • Целосно надграден: голема пространост и најдобро искористен внатрешен простор во класата
  • MQB технологија: оптимална безбедност, врвна грижа за околината и целосна поврзаност
  • Лансирањето на пазарот на третата генерација Superb е закажано за јуни 2015 година

1-skoda-superb-новата-ера-на-skoda-kafepauza.mk

Спектакуларна светска премиера на најдобрата лимузина од ŠKODA во „Форум Карлин“ во Прага, ŠKODA Superb се појави под рефлекторите за прв пат и целосно го привлече вниманието на присутните. Новиот Škoda Superb го има новиот револуционерен ŠKODA дизајн. Галантни димензии, иновативни системи за помош и безбедносни системи, намалена емисија на штетни гасови и поголема удобност, нови моќни мотори со EU6 стандард. ŠKODA Superb ги поседува типичните „Едноставно паметни“ карактеристики кои го поместуваат знаменосецот на брендот во повисока автомобилска класа. Накратко: новиот ŠKODA Superb е најдобриот Superb кој досега бил произведен.

2-skoda-superb-новата-ера-на-skoda-kafepauza.mk

 

Извршниот директор на ŠKODA д-р Винфрид Валанд за време на претставувањето на новиот модел изјави: „Овој автомобил го означува почетокот на една нова ера за ŠKODA. Во последниве години, ние целосно ја обновивме и ја проширивме нашата гама. Новиот Škoda Superb ги покажува нашите аспирации за високата автомобилска класа. Во однос на креативноста и технологијата, достигнавме ново ниво, и воспоставивме нова позиција на Škoda, која го покажува патот по кој брендот ќе се движи во иднина. Овој фантастичен автомобил ќе привлече многу нови клиенти кон брендот ŠKODA“.

4-skoda-superb-новата-ера-на-skoda-kafepauza.mk

Светската премиера на ŠKODA Superb се одржа во „Форум Карлин“ во Прага, пред 800 високи гости од политиката, бизнисот и популарни лица од целиот свет. Новиот Škoda Superb беше ѕвездата на вечерта. Неговиот прв настап беше проследен со светската премиера на симфонијата „Superb“ која ја изведе чешката филхармонија. Потоа настапи легендата на сол музиката Chaka Khan и пејачка Аура Диона.

ŠKODA ја продолжува успешната приказна со третата генерација на Superb. До денес, од првата и втората генерација Superb беа испорачани вкупно 700.000 автомобили кон клиентите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар