Модни митови кои се одамна заборавени

Сподели

Автор: Сара Турановиќ

Реклама

Во светот на модата никогаш не е досадно, па затоа секој ден може да видиме некои новитети. Но она што е најважно е вашата креативност и имагинација да бидат ваш главен моден тренд. Во минатото облеката беше „врзана“ за многу пишани и непишани правила. Меѓутоа тие времиња поминаа, а овие правила се заборавени. Сепак погледнете што во минатото било важно, а денес е само мит.

rn

Долгите фустани не се за ситни жени

rnДолгите фустани се многу практични за жешките, летни денови и супер се комбинираат за дневни и вечерни излегувања. Не постои никаква причина поради која ситните жени би требало да ги избегнуваат. Изберете фустани од лесни лелеави материјали, а избегнете ги оние со големи цветни мотиви и тешки слоеви.

rn

Кратките сукњи се забранети за жени над 35 години

rnМитот за жените и кратките сукњи потекнува уште од времето кога било срамота жената да ги покажува своите колена. Овој чин се толерирал само за младите девојки и децата. Но овие времиња се далеку зад нас. Мини сукњите секогаш изгледаат прекрасно на убавите жени, без разлика колку години тие имаат. Затоа, слободно облечете кратка сукња и гордо прошетајте ги своите нозе!

rn

Светките се само за вечерни излегувања

rnСветките во вечерните комбинации изгледаат гламурозно и свечено, па затоа многу ги гледаат како премногу свечен додаток за преку ден. Меѓутоа, ако ги искомбинирате на вистинскиот начин, може да се претворат во интересен и освежителен додаток на дневната гардероба. Најважно е да не претерувате со нив. Ако одлучите да носите едно парче облека со светки, остатокот нека го сочинуваат едноставни и еднобојни парчиња.

rn

Никогаш не носете повеќе од една јака боја

rnАко носите една јака боја, тогаш бидете спремни за погледи. Комбинацијата од две јаки бои е премногу храбар чин и бара почит. Судирот на две неочекувани и воочливи бои ќе ве стави во центарот на вниманието, па ова е добар рецепт ако сакате да бидете ѕвезда на вечерта. Слободно играјте си со боите и не верувајте во овој мит.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира