5 ситуации во кои на секоја девојка ѝ е неопходно потребен нејзиниот татко

5 ситуации во кои на секоја девојка ѝ е неопходно потребен нејзиниот татко

Велат дека една од најсилните врски кои постојат е онаа меѓу таткото и ќерката. Од самиот момент кога таа ќе се роди, таткото се поставува заштитнички кон неа, а како што таа расте, тој заштитнички став сè повеќе се зајакнува. Иако можеби со текот на годините, особено во тинејџерскиот период, таа повеќе ќе има потреба и желба да разговара со мајка си, факт е дека кога и да станува збор за нешто што ѝ е навистина важно, ќерката секогаш се советува со својот татко.

(1)-5-situacii-vo-koi-na-sekoja-devojka-i-e-neophodno-potreben-nejziniot-tatko-kafepauza.mk

Но што кога татиното девојче ќе наполни 20 и нешто години? Следниве 5 моменти се оние за кои таа сигурно ќе побара совет од татко си.

1. Кога ѝ е потребен финансиски совет

Иако со полни 20 години секоја девојка веќе треба да знае да си води евиденција за своите пари и правилно да ги менаџира, постојат многу точки од областа на финансиите кои таа не ги знае. Тогаш сосема очекувано таа ќе побара совет од својот татко кој секогаш го мисли најдоброто за неа. Тој е пример за неа и, како и со сѐ друго, ќе ја насочи во вистинската насока.

(2)-5-situacii-vo-koi-na-sekoja-devojka-i-e-neophodno-potreben-nejziniot-tatko-kafepauza.mk

2. Кога ѝ е потребен моден совет

Верувале или не, татковците се одлични спаринг партнери кога станува збор за шопинг. Не само што не знаат да им речат не на своите ќерки, па тие сигурно ќе се вратат дома со 2-3 кеси повеќе, туку и ќе им кажат реално мислење за тоа што имаат желба да го купат. Мажите, за разлика од жените, се многу поедноставни и поискрени во овој случај бидејќи ги гледаат работите од целосно различна перспектива.

(3)-5-situacii-vo-koi-na-sekoja-devojka-i-e-neophodno-potreben-nejziniot-tatko-kafepauza.mk

3. Кога ѝ е потребен совет за пријателите

Пријателите се една од најосетливите точки во животот на секој млад човек. Како такви, проблемите со нив го бараат вниманието на најпрактичната и највнимателна личност чиј совет ќе направи разлика, а тоа е кој друг ако не таткото. Тој секогаш има некој совет за својата ќерка и некое решение кое е комбинација на утеха, совет и лично искуство. Со други зборови, токму тоа што ѝ е потребно на девојката во таков момент без разлика за каков проблем со пријателите станува збор.

4-5-situacii-vo-koi-na-sekoja-devojka-i-e-neophodno-potreben-nejziniot-tatko-kafepauza.mk_

4. Кога ѝ е потребен љубовен совет

Зошто татковците го даваат најдобриот совет кога станува збор за врските? Бидејќи се објективни. Тие го сакаат само најдоброто за својата ќерка и никогаш не би ја советувале да биде со некој кој не е добар за неа и кој не ја прави среќна. Од друга страна, тие се машки и, колку и да не сакаат да размислуваат од гледна точка на дечкото на ќерката, сепак успеваат да ѝ дадат совет од машка перспектива, а тоа е некогаш она што е најпотребно. Меѓу другото, таткото ќе ја потсети ќерка си што заслужува.

(5)-5-situacii-vo-koi-na-sekoja-devojka-i-e-neophodno-potreben-nejziniot-tatko-kafepauza.mk

5. Кога ѝ е потребен совет за некој животен хаос

Секоја девојка во своите 20ти години драматизира. За неа, сѐ е хаос и сѐ е катастрофа и сѐ е сосема нерешливо. За среќа, нејзиниот татко е тука да ја спушти малку на земја и да ѝ ги отвори очите. Тој има поминато низ сито и решето, а бидејќи таа се угледува на него, тој е оној од кој таа ќе бара совет кога се соочува со животна криза. И колку и да е голем проблемот, тој ќе стои цврсто до неа потсетувајќи ја дека е силна и способна да се избори со сѐ што животот ќе испречи на нејзиниот пат.

Таткото е можеби најважната личност во животот на ќерка си. Тој е нејзиниот пример за добро и лошо и првиот што ќе дотрча кога таа е во неволја. Тој е нејзиното безбедно место и скривалиште, а таа секогаш неговата принцеза.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар