Убавината на секоја врска се состои во оние мали слатки задоволства кои парот свесно или не си ги дозволува во текот на секој ден. Дали е тоа некој ритуал со кој редовно ви започнува утрото или силна прегратка кога партнерот тоа најмалку го очекува, овие ситници ја разубавуваат врската и ви даваат чувство на среќа и сигурност. А бидејќи на секоја врска ѝ се потребни овие незаменливи состојки, следниве неколку можат да ви дадат некоја идеја за тоа кое мало слатко задоволство би можело да биде ваше.
rn
Споделувате храна
rnНема ништо поубаво кога нарачувате 2-3 сосема различни јадења и потоа и двајцата уживате заедно во нивниот вкус. Уште и ако притоа се храните еден со друг, е тогаш задоволството е уште поголемо.
rn
Се испреплетувате еден во друг пред да ги отворите очите наутро
rnНе постои човек кој ужива во утринското будење. Но колку е тоа поубаво кога наместо алармот на телефонот, ќе ве разбуди саканата личност која ги испреплетува нејзините нозе со вашите, а со рацете ве обвива околу половината? Тоа се сигурно најслатките 15 минути будење.
rn
Гледате некое шоу кое ви се допаѓа и на двајцата
rnБидејќи во принцип машките сакаат да гледаат спорт, а женските филмови, неверојатно е убаво кога сепак ќе најдете некое шоу или серија во кое и двајцата уживате. Силна прегратка, пуканки и многу, многу љубов додека стуткани седите пред телевизорот.
rn
Се смеете на меѓусебните глупости
rnЕдна работа која е неверојатно привлечна во врската е способноста да бидете тие што сте без да се срамите да се покажете пред партнерот во вистинско светло. Тоа ви дава неверојатно чувство на слобода и уживање, па не е воопшто чудно кога едниот ќе тресне некоја глупост, а другиот слатко ќе се изнасмее.
rn
Се поттикнувате себеси да бидете подобри
rnПоддршката од партнерот е многу важна и неопходна. Затоа кога сте тажни и разочарани од некој ваш неуспех или едноставно нешто не ви оди од рака, поттикнувањето на уникатен и единствен за вас двајца начин ќе ви влее доза самодоверба и повторно ќе ве натера да верувате дека сѐ е можно.
rn
Си подарувате подароци кои самите ги правите
rnСекој може да купи подарок, но ретко кој навистина може да се внесе во целата работа и да направи самиот нешто што знае дека ќе го израдува партнерот. Најубавото тука е што воопшто не ви се потребни повод ни длабок џеб за да ѝ приредите мало, но привлечно изненадување на саканата личност.
rn
Тој прави ручек/таа гледа фудбал со него
rnОваа или која било друга комбинација на оние навидум не толку значајни моменти, како на пример тој ги мие садовите, а таа му помага во поправање на колата, ја прават врската неодоливо неодолива. Моменти како тие кога таа ќе фрли поглед накај кујната и ќе го види со престилка на себе објаснувајќи ѝ дека навистина ужива во тоа што го прави или кога тој ќе ја види целата извалкана обидувајќи се да ја пронајде вистинската алатка во купот за неа исти алатки, се фантастично бесценети моменти.
rn
Си делите комплименти
rnИако некои го сметаат ова за непотребно во врската, никој не може да го побие фактот дека чувството е преубаво кога партнерот ќе ви каже колку сте убави или згодни или неверојатни. Реалноста знае да биде премногу сурова, па секое бегство од неа со мал знак на внимание и убав збор ја прави полесна за живеење. Комплиментите се секогаш добредојдени.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

