15 симпатични факти за бакнувањето кои малкумина ги знаат
Ако мислевте дека знаете сè за бакнежите, сте се излажале. Овие факти ќе ви го докажат тоа.
1. Мажите и жените се бакнуваат поради различни причини. Мажите го прават тоа за да дојдат до секс, а жените така испитуваат дали тој партнер им одговара.
2. Можеби ќе ви звучи чудно, но некои истражувања тврдат дека жените почесто иницираат бакнеж на првиот состанок.
3. Без оглед на тоа дали се левучари или не, сите луѓе ја наведнуваат главата на десно кога се бакнуваат.
4. Бакнувањето е здраво. Со него се борите против стресот.
5. Мажите повеќе уживаат во бакнежот со нова партнерка отколку таа. Таа се плаши дали бакнежот ќе му се допадне нему. Истото важи и за сексот.
6. Околу 90% од луѓето се бакнуваат. Другите 10% припаѓаат на култури во кои љубовта се изразува на поинаков начин.
7. Кога бакнувате некого за првпат во мозокот се случува хемиска реакција која ве тера да сакате уште.
8. Истата таа реакција не ви дава ни да спиете.
9. Мускулот кој се активира при бакнувањето прави иста форма како и бебе при доењето. Тоа е една од теориите како сме го измислиле бакнувањето.
10. Колку почесто партнерите се бакнуваат, толку позадоволни ќе бидат од врската.
11. Бакнувањето во врската е поважно за жените отколку за мажите.
12. Повеќето луѓе подобро се сеќаваат на првиот бакнеж отколку на првиот секс.
13. Во едно истражување дури 40% од мажите изјавиле дека долг сочен бакнеж е доволен за да им ја разбуди желбата за секс.
14. Мажите иницираат бакнеж со широко отворена уста кога имаат желба за секс и со тоа несвесно сакаат да ја разбудат истата желба и кај партнерката.
15. Мажите попрво би имале секс со жена која лошо се бакнува отколку обратно.