КАФЕ ПАУЗА

Што значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?

Што значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?

Кога за прв пат се кажува „те сакам“ тоа има различно значење од она кое се кажува после неколку месеци, па и години од врската. Во меѓувреме растете заедно со партнерот, созревате, различно ги чувствувате работите во животот па затоа и дефиницијата на овој израз се менува. Што, всушност, значи тоа во секој дел од врската?rnrnШто значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?rn

3 месеци: „Интересно ми е со тебе/врската оди во добра насока.“

rnТри месеци не се долг период за врска која може долго да се развива. Во овој период тоа е како да кажувате дека ви се допаѓа новата личност во вашиот живот и она што тој/таа го има во себе.rn

4 месеци: „Може да пробаме некоја нова поза во кревет.“

rnВеќе се чувствувате послободно со партнерот, си верувате еден на друг и сте спремни слободнo да си ги кажете фантазиите и да ги испробате со него/неа. Тоа се работи кои не би ги пробале со секого. Во оваа фаза „те сакам“ може да се преведе како благодарност за тоа што тој/таа ве вади надвор од зоната на комфорот.rnrnШто значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?rn

5 месеци: „Важен/на си ми.“

rnИако сè уште се прашувате дали ќе ви биде скршено срцето, веќе знаете дека сакате партнерот да заземе поважно место во вашиот живот. Кажувањето „те сакам“ е повик тој/таа да го стори тоа.rn

6 месеци: „Супер ми е со тебе.“

rnВо оваа фаза со изјавата на љубов кажувате дека ви се допаѓа личноста во која сте се претвориле поради партнерот и дека сте среќни во врската. Се радувате на секој нов ден со него/неа и се чувствувате преубаво поради тоа. Го обожавате новото секојдневие.rnrnШто значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?rn

7 месеци: „Сакам сè да делам со тебе.“

rnЧувствата се сè посилни и посилни. „Те сакам“ значи „сè што е твое е и мое и сè што е мое е и твое“. Веќе не е важно кој плаќа ручек, дали и тој/таа ви подарил нешто за да ви врати на вашиот подарок и сл. Вие полека почнувате да станувате едно.rn

8 месеци: „Не сакам да се карам со тебе.“

rnВеројатно до сега веќе сте ја имале и првата голема караница со многу викање. Кажувањето „те сакам“ овој пат значи дека не сакате до го/ја загубите. Сега можете да го преведувате како „не сакам да те изгубам“.rnrnШто значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?rn

9 месеци: „Ти си мојот најдобар другар.“

rn„Те сакам“ сега е многу посериозно нешто. Тоа веќе не значи „ти си супер личност“ или „и јас сум супер покрај тебе“, туку „ти со мојот најдобар пријател“. Сега веќе не станува збор само за тоа како вие се чувствувате покрај него/неа, туку и за она што вие можете да го дадете.rn

1 година: „Ти си мојот свет.“

rnВеќе сте едно со партнерот. Не можете да го замислите својот свет без него/неа. Изјавувањето љубов ви изгледа како нешто најприродно што постои.rnrn(6) Што значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?rn

2 години: „Размислувам за заедничка иднина.“

rnЉубовта веќе не е оптоварена со вашето минато, туку е целосно насочена кон иднината. Веќе не ве плаши помислата дека остатокот од животот може да го поминете со само еден маж/една жена. Ова „те сакам“ значи нешто повеќе – дека сакате да изградите целосен живот со овој партнер.rn

3 години, се вселувате заедно: „Сакам да се омажам/оженам со тебе.“

rnСега веќе сте сигурни дека сакате целиот ваш живот да го поминете со оваа личност. Сакате со неа да делите дом, адреса, презиме, сè…rn

4 години, веќе во брак: „Неописливо“

rnОва „те сакам“ има свое големо значење, но тоа не може да се опише со зборови. Доволно е што вие и партнерот си знаете дека е нешто прекрасно.rnrnШто значи кажувањето „те сакам“ во различни периоди од врската?