КАФЕ ПАУЗА

Викенд книга: „Дете 44“ – Том Роб Смит

Викенд книга: „Дете 44“ – Том Роб Смит

Written by

in

„Кога стравот ќе го замолчи целиот народ, еден човек мора да ја каже вистината.“

rn

Наша оцена: 9/10

rn

Ваша оцена: [ratings]

rnvikend-kniga-dete-44-tom-rob-smit-kafepauza.mkrnrnДоколку сте љубители на трилери, на романи кои ве тераат да грицкате нокти, да се соочите со суровата реалност и да бидете во толкаво исчекување што нема да можете да ја оставите книгата на раат, ова е книгата што ја барате.rnrnДејството се случува за време на диктаторството на Сталин во Советскиот сојуз, во општество каде не постои злосторство и навидум сè е подредено онака како што треба да биде. Луѓето кои имаат моќ и функција веруваат дека се праведни и дека се залагаат за одржување на тој совршен поредок. Шпионите се гонат и егзекутираат откако од нив ќе биде извлечено признание и така се заштитува државата од секој внатрешен непријател. Во таа извртена утопија луѓето сепак живеат во страв и неизвесност. Доволно е некој да те чуе да шепнеш нешто против режимот за да бидеш етикетиран како шпион. Дури и татко чиј син бил убиен мора да изјави дека неговото дете загинало во несреќен случај бидејќи државата не признава дека постојат злосторства.rnrn


rn

Доделуваме 2 книги во соработка со Сакам книги

rnrnrn


rnrnЛео Демидов е воен херој, припадник на државната безбедност, кој за разлика од многумина од неговите сограѓани, живее (до негде) пристоен живот. Тој е цврсто уверен дека помага во создавањето на тоа совршено општество и дека правилно ѝ служи на државата. Но, работите полека почнуваат да се разнишуваат кога Лео ќе посведочи за тоа како се убива невин човек, бидејќи оној кој еднаш бил етикетиран како шпион, не може да биде вратен назад во совршеното општество. По совршено поставената замка на неговиот непријател, жеден за неговата крв и положба во службата, Лео ќе биде принуден да спроведе истрага за својата убава сопруга Раиса. Во време кога непреданоста кон државата значела смрт за индивидуата, Лео е принуден да одбира на која страна ќе застане – на страната на неговата сопруга, или на страната на државата.rnrnСветот на Лео целосно се руши и тој одеднаш сфаќа дека сè што дотогаш градел не било реално и дека паѓа во вода. Тој воопшто не им служел правилно на своите сограѓани, тој никогаш не придонел за нивната безбедност, напротив, придонел наголемо за нивниот страв. Дури и неговиот брак не се темели на љубов бидејќи она што неговата сопруга го чувствувала кога прифатила да се омажи за него не било љубов, туку страв дека доколку го одбие високиот државен службеник тој ќе најде начин да ѝ се одмазди.rnrnТогаш почнуваат да се случуваат мистериозни и грозоморни сериски убиства на деца низ цела Русија. Обидувајќи се конечно макар за едно нешто правдата целосно да ја изнесе на виделина и да ја спроведе докрај, Лео ќе се впушти во една опасна авантура барајќи го серискиот убиец, монструмот кој посегнува по животите на најмладите. Лео сепак ќе мора да ѝ се спротивстави на државата. За тие убиства сè досега биле осудувани поранешни затвореници, ментално болни и нестабилни личности. Службите се фокусирале на шпионите не на убијците, бидејќи уште еднаш, да се потсетиме, во советска Русија не постојат злосторства.rnrnКнигава ќе направи да ве полазат морници, ќе ве натера да се замислите, да си поставите толку многу прашања, да си ги поврзете нештата. Ја препорачувам на сите оние со силен стомак, сите авантуристи, жедни за добар трилер, за уште една авантура со пишаниот збор, за неизвесност сè до самиот крај. Маестрално дело, висок и интелигентен стил на пишување, „Дете 44“ е нешто што дефинитивно треба да го имате во вашата домашна библиотека.rnrn
Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до сабота, 21 февруари 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn