4 интересни начини на кои можете да ги замените јаглехидратите со карфиол
Подобрете ја вашата исхрана така што ќе ги замените овие 4 секојдневни оброци со нови и здрави комбинации. Во ова видео можете да видите како карфиолот може да послужи како замена за јаглехидратите, а со тоа и да ви овозможи поздрав оброк и мала промена во вашата исхрана.
1. Похован кашкавал – Пуштете ја рерната да се загрее на 220 степени. Иситнете го карфиолот во процесор за храна, а потоа исцедете ја течноста од него. Потоа измешајте го со јајце и моцарела и формирајте мали квадратчиња од смесата. Поставете ги на хартија за печење и печете сè додека не добијат златна боја. Откако ќе завршите, поставете еден ред кашкавал помеѓу нив и испржете ги.
2. Вегетаријански пржен ориз – Ставете го карфиолот во процесор за храна и потоа испржете го. Истовремено испржете го и зеленчукот. Потоа направете дупка во карфиолот во средината и додадете го јајцето, па зеленчукот. Добро измешајте.
3. Вкусни топчиња – Загрејте ја рерната на 200 степени. Сварениот карфиол ставете го процесор за храна, а потоа претурете го во голем сад. Во садот додајте и јајце, зеленчук, кашкавал и лебни трошки. Од смесата направете мали топчиња и потоа поставете ги на хартија за печење. Печете додека не станат златни.
4. Макарони и кашкавал – Ставете го карфиолот во тенџере. Во друго тенџере измешајте млеко, рендан чедар кашкавал, уште повеќе чедар кашкавал и кромид. Мешајте сè додека состојките не се стопат, а потоа додајте ги во тенџерето со карфиолот. Гответе на тивко околу 3 часа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.