Колку редовно го перете вашиот пешкир? Дали тоа го правите после секое бањање/туширање или пак, го оставате во тоалетот да се суши после неколку последователни употреби? Погледнете што се случува доколку дозволувате вашиот пешкир или крпите во кујната да стојат долго време влажни и нечисти…rn
Доколку вашиот омилен пешкир ви стои нечист со денови (па можеби дури и со недели), има големи шанси тој да привлекува нездрава мувла и бактерии во вашиот тоалет.
rn
rn
Пешкирот кој стои во топол тоалет со пареа им дозволува на микробите да имаат „оргија“ со купиштата мртва кожа која паѓа од вас додека се бришете со него.
rn
rn
Токму затоа, се препорачува да не го користите истиот пешкир повеќе од 3 пати, односно по 3-тото бањање најдоцна да го ставите за перење.
rn
rnrn rn
„Пешкирите кои се користат по бањањето или туширањето најчесто се оставаат да се исушат во тоалетот со цел да се искористат повторно“, вели Кели А. Рејнолдс која е професорка на Универзитетот во Аризона. „Бактериите и мувлата започнуваат да се насобираат на мокриот пешкир и како што тој се суши, така се намалува и нивното размножување.“
rn
Истото се случува со сите пешкири и крпи во вашиот дом.
rn
rnrn rn
„Крпите во кујната собираат многу повеќе штетни бактерии поради тоа што често се мокри и ретко кога имаат можност целосно да се исушат до следната употреба. Тие исто така собираат честички од храната во кујната бидејќи се во нејзина близина“, објаснува Рејнолдс. „Оваа состојба создава совршено сценарио за насобирање, растење и пренесување на бактерии.“
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
