10 најнови туристички атракции

Сподели

Секаде се гради по нешто ново и затоа секаде има по некоја нова туристичка атракција која привлекува посетители кои сакаат да ја видат. Овие десетина од најновите се отворени неодамна или се очекува да бидат отворени во секој момент.rn

Реклама

1. Стаклениот под на Ајфеловата кула во Париз

rnАјфеловата кула доби нов интересен детаљ. Сега покрај одличниот поглед околу неа, благодарение на новиот стаклен под на првиот кат ќе можете да погледнете како е и под неа.

rn

2. Гудс Лајн во Сиднеј

rnОваа новоизградена пешачка патека во Сиднеј ги поврзува Дарлинг Харбор и Технолошкиот универзитет. Покрај неа ќе има и бројни кафулиња како и амфитеатар за настани на отворено.

rn

3. Фабриката за алкохол во Лејверстоук, Англија

rnФабриката за алкохол Бомбај Сафир сместена во малото англиско село Лејверстоук неодамна доби стаклени куќи кои изгледаат како да се исфрлени од самата фабрика. Иако таа не е стара како другите на островот, се очекува новата архитектура во малото живописно село да добие посетители кои се љубители на алкохолот.

rn

4. Музејот за човекови права во Винипег, Канада

rnНовата модерна стаклена зграда ќе биде дом на изложби поврзани со холокаустот, етничкото чистење во Босна, животот на Нелсон Мандела и сите други настани поврзани со човекови права.

rn

5. Марктал, Ротердам

rnРотердам е исполнет со модерна и кул архитектура. Најновото од неа е Марктал, зграда со 230 станови која е изградена во облик на потковица. Под неа има зелен пазар.

rn

6. Ролеркоустерот Бетмен во Сан Антонио, САД

rnТој се очекува да стане ролеркоустерот кој секој трагач по адреналин ќе сака да го посети. Тоа ќе биде најдолгиот 4Д ролеркоустер во светот.

rn

7. Конгресниот центар во Краков, Полска

rnОние што ја посетиле Полска не се навикнати на вакви градби, но жителите на Краков се горди на нивниот нов модерен конгресен центар. Тој ќе биде првенствено наменет за концерти.

rn

8. Кулата Шангај

rnНовата кула во Шангај е втора по големина во светот, веднаш зад Бурџ Калифа во Дубаи. Висока е 610 метри и се надвиснува на реката Хуангпу. Се разбира, сместена е во модерниот деловен дистрикт во градот.

rn

9. Велосипедската патека во Нунен, Холандија

rnОваа велосипедска патека по цел ден црпи сончева енергија која навечер ја претвора во ѕвездено небо. Инспирирана е од сликата „Ѕвездена ноќ“ на Винсент Ван Гог.

rn

10. Музејот на утрешнината во Рио де Жанеиро

rnДизајнирана од легендарниот архитект Сантијаго Калатрава, бразилскиот музеј на утрешнината има облик на риба и со главата е свртен кон океанот. На неговата програма ќе има интерактивни изложби поврзани со климатските промени, растот на бројот на населението и за тоа како нашите денешни дејства влијаат на иднината.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира