8 знаци дека тој е вљубен до уши

Сподели

Сите барем еднаш сме се нашле во ситуација да не можеме да дишеме, јадеме, спиеме и воопшто да размислуваме поради заљубеност. Пеперутки во стомакот, желба, копнеж да го видиме и слични работи ни се случуваат на сите кога сме вљубени. Иако ова се женските страни од вљубеноста, и мажите поминуваат низ слични ситуации.

Реклама

rn

1. Тој е великодушен со храната

rnАко ви го даде последното парче од неговиот омилен десерт или пак се смени со вас бидејќи знае дека вие го преферирате неговото јадење, тогаш тој дефинитивно е премногу заљубен в вас. Никој не би се откажал од омиленото јадење, освен оние на кои љубовта им го поматила разумот.rn

2. Ве разгалува

rnДали искрено мислите дека кога ве нема тој ќе стави маска за ексфолијација на лицето и прочуените краставички на очите? Не, нема. Но, ќе го направи тоа за вас, бидејќи сака да биде дел од сите аспекти на вашиот живот. Дури и ќе дојде на спа викенд со вас, ако тоа значи дека ќе ве направи среќна.rn

3. Останува смирен, дури и кога мислите дека ќе избувне

rnКога ќе признаете нешто од што се срамите или ќе искоментирате нешто за вашите идни деца, тој нема да избувне. Дури и ако малку се лути, тој ќе биде екстремно внимателен со вашите чувства бидејќи не сака да ве повреди.rn

4. Го обожава вашето голо тело

rnТој смета дека сте најзгодната жена на планетата. Не го гледа целулитот, нити стриите. Воопшто не се интересира за тоа бидејќи е премногу зафатен меркајќи и замислувајќи ве во постелата до него. Ако неговиот начин на изразување љубов е таков што ве смета за божица помеѓу чаршафите, тогаш верувајте дека тој е вљубен до уши во вас.rn

5. Ја памети секоја ситница

rnНеговите романтични изненадувања ќе донесат солзи-радосници во вашите очи. Го памети вашето омилено вино кое го пиете после напорните денови, никогаш не го заборава вашиот роденден и често прави по некој незаборавен гест. Ова се најголемите знаци на вљубеност.rn

6. Не го симнува погледот од вас

rnГо знаете ли погледот на мажите кога ве гледаат додека правите нешто вообичаено и секојдневно? Не може да престане да ве гледа додека врзувате обувки, ја објаснувате омилената серија или спиете. А да не зборуваме кога ќе се дотерате за излегување.rn

7. Го известува неговото семејство за детали од вашиот живот

rnНеговото семејство знае за вашето патување и за унапредувањето уште пред вие да имате можност да им кажете. Ова значи дека тој се гордее што е со вас и дека претставувате голем дел од неговиот живот, што е по малку слатко.rn

8. Секојдневно ви кажува колку ве сака

rnВистински вљубениот маж не се срами да ги искаже емоциите и да викне „те сакам“. Дури и оние најтврдите и најгорделивите, кога се искрено заљубени имаат вакви емоционални моменти кога едноставно мораат да ја изразат нивната љубов. Уживајте во тоа и не заборавајте да ја возвратите услугата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира