КАФЕ ПАУЗА

6 типови проститутки и местата каде што работат

6 типови проститутки и местата каде што работат

Во својата книга „Легализирање на проституцијата“ социологот Роналд Вајцер се осврнува на легалната и нелегалната проституција и притоа издвојува шест типови проститутки.rnrn6 типови проститутки и местата каде што работатrn

1. Вработена во агенција за придружба

rnРаботат на приватни места, како на пример хотели, наплаќаат висока цена за своите услуги и не е лесно да се забележат. Дел од својата заработка ја даваат на агенцијата која ги застапува.rn

2. Независна девојка за придружба

rnОд претходните се разликуваат по тоа што целиот профит го задржуваат за себе. Своите услуги ги огласуваат на интернет и така наоѓаат клиенти.rn

3. Вработена во бордел

rnВајцер во бордели ги сместува и салоните за масажа или сауните кои даваат сексуални услуги. Вработените во бордел, без разлика дали тој е легален или не, наплаќаат пониски суми од т.н. девојки за придружба. Профитот се дели меѓу проститутката и сопствениците.rn

4. Излог со проститутки

rnНајголемиот дел од нив работат во Амстердам. Секоја девојка си има свој излог каде што најголемиот дел од времето го поминува сама, за разлика од оние во борделите кои, како што вели Вајцер, можат да уживаат во позабавна атмосфера и социјализација со гостите. Некои од излозите се поврзани со заедничка кујна и тоалет. Нивните плати се помали во споредба со претходните.rn

5. Вработена во бар или казино

rnОвие се почест случај во сиромашните земји. Тие се движат по барови, казина или некои слични објекти каде што ловат клиенти со кои имаат секс на некоја друга локација. Доколку некој сака да „изнајми“ девојка на неколку дена, обично треба да плати посебна „давачка“ на сопственикот на барот. Овој тип проститутки заработуваат мали плати.rn

6. Улична проститутка

rnНив можете да ги видите насекаде и лесно ќе ги препознаете. Стојат или се движат по тротоари, раскрсници или паркинзи каде што бараат клиенти. Тие заработуваат најмалку од сите.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.