Хороскопски водич за мажите
Консултирајте се со нашиот хороскопски водич за мажи и сè ќе изгледа поедноставно. За сè она што тие го сакаат и несвесно го прават, вклучувајќи и на кои штосови паѓаат, сè на едно место. Пробајте!
Овен
Карактеристики:
Интензивен, активен, груб. Овните се екстровертни и мажествени. Страсни заштитници и смели кавалери. Неговата владејачка планета Марс го прави умешен со зборовите. Тој ќе ја даде иницијативата за секс и ќе сака да доминира, сè што вие треба да направите е да уживате во возењето.
Каде ќе го пронајдете:
На бокс натпревар, во потрага по адреналински предизвици.
Полн погодок за прв контакт:
Оставете го да ве победи во спортски натпревар. Тие се спортски зависници, кои многу се радуваат на победи.
Неговиот каприц:
Постојано се расправа. Останете мирни – ако не му се придружите, припадникот на овој знак ќе изгуби интерес за расправија.
Како да го украдете неговото срце:
Овој најдобар примерок на алфа-мажјак го привлекуваат храбри „згодници“ кои знаат да кажат по некоја „мрсна“ шега.
Ноќ од фантазиите:
Целоноќно расфрлање страсти во секоја можна задимена просторија ќе ги задоволи неговите валкани фантазии.
Бик
Карактеристики:
Приземјени, верни, со силна волја. Внимателниот и љубезен Бик очекува неговата партнерка да ги сподели истите одговорности и во домот, но и под чаршафите. Тој ќе се погрижи секогаш задоволени да заспиете и да се чувствувате сигурно.
Каде ќе го пронајдете:
Во сала за вежбање обидувајќи се да ја одржи својата одлична фигура.
Полн погодок за прв контакт:
Учтиво прашајте го нешто, го импресионираат љубезни девојки.
Неговиот каприц:
Заробеници на едноличноста, ги сакаат сигурните и веќе познати работи.
Како да го украдете неговото срце:
Силниот, но тивок Бик ги цени бестрашните флерт-движења.
Ноќ од фантазиите:
Распостелен во својата дневна соба додека вие „изигрувате“ модел на долна облека. Визуелното секогаш ја подига неговата страст до бесконечност.
Близнаци
Карактеристики:
Досетлив, вообразен и возбудлив. Близнакот е како лицемерен плејбој во една минута, а во следниот момент сака да игра само со вас. И во сексот се однесува како поделена личност. Водењето љубов на бавен и сензуален начин во следниот момент ќе биде заменето со атлетски маратон.
Каде ќе го пронајдете:
Во кафетерии каде што има wi-fi, тој е зависник од комуникација.
Полн погодок за прв контакт:
„Нема да веруваш што слушнав?“ Пребирливиот љубопитен Близнак го интересира озборувањето.
Неговиот каприц:
Тој често носи избрзни одлуки. Потсетете го на неговите позитивни квалитети.
Како да го украдете неговото срце:
Озборувачот во него ќе се приклони кон отмена девојка која држи до себе, но исто така е остра на јазик и знае страсни говори.
Ноќ од фантазиите:
Секс во тројка или во тоалетот сè уште го предизвикува бидејќи сака да ги прекршува табуата.