Исповеди на парови чија прва брачна ноќ не била како што посакувале

Исповеди на парови чија прва брачна ноќ не била како што посакувале

Оној што ги смислил свадбените обичаи очигледно мислел само на тоа како гостите да се забавуваат убаво, а не и самите младоженци. Тие треба да мислат како да организираат совршен настан на кој сите ќе се чувствуваат пријатно, а потоа треба да мислат и на тоа како себеси да си го направат убав т.н. „најубав ден во животот“.

Но, покрај толку многу напорни подготовки во потрага по совршенството, а потоа и почитувањето обичаи на самиот ден на свадбата, кога ќе дојде време за почитување на последниот обичај – првата брачна ноќ, работите почнуваат да одат наопаку. Ако и вам ви се случило тоа, не сте сами. Овие исповеди на парови кои веќе поминале низ тоа се доказ дека на првата брачна ноќ можеби не треба да го очекувате и најубавото водење љубов во животот.

Исповеди на парови чија прва брачна ноќ не била како што посакувале

 

„Не јадевме цел ден поради стресот и нервозите и кога сфативме дека сме прегладнети порачавме кинеска храна од единствениот ресторан кој беше отворен во 4 наутро. Имавме секс додека чекавме да ни ја донесат храната, а потоа се фрливме на јадење и заспавме гледајќи серија. Беше супер!“

„Таа седеше на подот пред мене. Гледавме телевизија додека ѝ ги вадев шесте илјади шноли од косата. Тоа беше ужасно собирање мали предметчиња затоа што сите беа поврзани меѓу себе. Веднаш потоа заспавме.“

„Спиевме во различни кревети! Грешка на хотелот при резервацијата.“

„Немаше секс. Свекорот и свекрвата ни резервираа соба во еден сладок хотел. Нашата соба беше веднаш над нивната.“

„Спиевме, па потоа се разбудивме и голи јадевме торта во креветот.“

„Се вративме во хотелот, ја пренесов преку прагот и почнавме со исполнувањето на брачните обврски. Тогаш некој тропна на вратата. Тоа беше мајка ми. Рече дека треба да се симнеме долу и да се видиме со семејството. Тоа не беше најидеалната ситуација.“

Исповеди на парови чија прва брачна ноќ не била како што посакувале

 

„Спиев во детската соба на мојот сопруг откако изедов пилешки сендвич за вечера.“

„Жена ми буквално плачеше додека се обидував да ги откопчам сите 800 копчиња на задниот дел од нејзиниот фустан затоа што ја болеа рамената од нив. Потоа плачеше додека ги вадев и 8.000-те шноли. Откако ѝ ја уништив косата половина час подоцна се обидовме да водиме љубов, но ни стана јасно дека сме преморени и си рековме „зае*и“ и само си лежевме и се галевме. Ја обожавам таа жена.“

„Веќе имавме пиено со часови. Побегнавме до нашата соба, имавме пристоен брз секс, па излетав надвор во ходникот каде што со пијан и гласен шепот објавив дека не носам гаќички додека одев со пријателите на афтерпарти во друга хотелска соба. Потоа излезе дека мајка ми била зад мене и газејќи се од смеење ме прегрна и ми рече дека сум совршена ќерка. Тогаш ми даде шише виски и ме прати во уште поголем мамурлак заедно со мојот сопруг.“

„Избегавме без нечие знаење и се венчавме во судот во Харисон, Арканзас. Се вративме дома, сопругата отиде на работа во ноќна смена, а јас останав дома и гледав телевизија.“

„Ја добивме нашата хотелска соба еден ден пред свадбата. Бевме в црква, направивме што требаше да се направи, а забавата ја почнавме уште на приемот. Само што го напуштивме приемот жена ми рече дека месечниот циклус ѝ почнал уште во црквата. Отидовме до нашата омилена продавница и купивме друштвена игра, па игравме монопол и гледавме телевизија на најдобриот кревет на кој некогаш сме спиеле.“

Исповеди на парови чија прва брачна ноќ не била како што посакувале

 

„Немаше секс. Само сон. Сладок, сладок сон.“

„Бев бремена во осми месец кога се венчавме. Заспав во околу 10 часот, а сопругот гледаше телевизија. Очекував да дојде по неколку часа за да си ги исполниме брачните обврски, но не дојде. Се разбудив околу 2:30 часот, но тој не беше дојден и сè уште гледаше телевизија. Не можев да заспијам повторно и затоа си го зедов ајпадот за да читам и токму тогаш ми пукна водењакот. Седум часа подоцна ни се роди синот.“

„Јас и сопругот бевме толку многу исцрпени што само легнавме на убавиот кревет во убавата хотелска соба. По околу еден час се разбудив со повраќање и ужасна дијареја. Имав некој проблем со храната. Сопругот му ја држеше косата додека повраќав, покажувајќи уште една причина зошто се омажив за него.“

„Имавме свадба на тема снег, а гостите фрлаа со вештачки снег врз нас кога го напуштавме приемот. Тој беше насекаде. Навлезе во сите мои отвори, вклучително и „таму долу“ и морав да се истуширам три пати за да го отстранам од мене. Потоа моравме да ја викнеме и собарката да ни донесе нови чаршафи затоа што тоа беше како спиење на песок.“

„Моравме да застанеме до аптеката за да купиме кондоми. Сè уште бев облечена во венчалниот фустан.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар