Жените одговараат: Кој е моментот кога сфативте дека сте вљубени?

Жените одговараат: Кој е моментот кога сфативте дека сте вљубени?

Погледот, насмевката, гестот… има многу причини поради кои одеднаш сфаќаме дека сме заљубени. Космополитен направи кратка анкета во која девојките и жените кажуваат во кој момент сфатиле дека се заљубени. Ова се 30-те најдобри одговори.
Жените одговараат: Кој е моментот кога сфативте дека сте вљубени?

„Со мојот дечко се спремавме да гледаме фудбал, па нарачавме пица. Пицеријата беше оддалечена три блока од нашата куќа, па замина да ги земе пиците. Кога се врати сфатив дека во мојата кутија немаше сос. Бидејќи не мислев дека тоа е голема работа, седнав во дневната. По 10-15 минути дечко ми конечно ми се придружи, носејќи го сосот. Сфатив дека на тоа ладно време се вратил до пицеријата за да го земе. Тоа беше моментот кога знаев дека го сакам.“

„Ме праша: ‘Дали си зафатена во наредниве 80-тина години?’ Јас реков: ‘Зошто?’ Тој ми рече: ‘Па мислев дека би можеле да се дружиме и слично :)’. Во тој момент знаев дека ме сака и дека јас го сакам него. Тој ја разбираше мојата чудна смисла за хумор.“

„Бевме пријатели околу една година а во тоа време бев со друг. На мојот 19-ти роденден глумев дека ме повредило тоа што не бил првиот кој ми го честитал роденденот. Во 23.59 ми се јави, велејќи ми: ‘Знам дека не бев првиот што ти посака среќен роденден, но сакам да бидам последниот.’ Кога ќе се сетам, сфаќам дека токму тогаш требаше да знам и да го исфрлам другиот на улица.“

„Се запознавме на факултет, живеевме на истиот кат. На почетокот не ми се допаѓаше. Знаев дека го сакам по два месеци, кога веќе излегувавме, јас се разбудив во 2 после полноќ. Тој ме тапкаше по грбот бидејќи сум кашлала во сонот поради астмата.“

„Мојот дечко постојано превртува со очи кога ќе спомне колку лакови за нокти имам и вели дека треба да исфрлам дел (како да не!). Во ред, признавам дека мојата колекција е можеби преголема. Еден ден погледнав кон неговиот телефон да видам што гледаше толку заинтересирано и видов дека гледал видеа како да направи полици за лакови за нокти на ѕидот. Веднаш знаев дека сум вљубена.“

„Бевме соседи на факултет. Се сончав на неговиот покрив а тој пред да замине на работа ми подаде ладно кафе. Само тоа му беше потребно за да ме освои.“

„Знаев дека сум вљубена кога сфатив дека го гледам него додека го гледа филмот наместо да го гледам филмот.“

Жените одговараат: Кој е моментот кога сфативте дека сте вљубени?

„Дојде со мене во мојот роден град за да посетиме еден годишен фестивал. Сабота навечер, лежевме на тревата и го гледавме огнометот. Само го погледнав и знаев дека срцето ќе ми експлодираше ако не му кажев што чувствувам. Беше совршен момент.“

„И двајцата сме од Тексас, и во истиот момент кога ми кажа дека мрази кантри исто колку и јас, знаев дека е љубов.“

„Живее на еден час оддалеченост од местото каде што учам, па го гледам само два пати месечно. Имав навистина тежок семестар, па кога заминав во Мисисиспи, ме однесе на плажата, седнавме на дрвениот мост, а тој отсвире песна која ја напишал за мене. Почнав д плачам. Токму тогаш знаев дека тој е вистинскиот.“

„Тоа е еден од оние моменти кога едноставно знаеш. Нема само еден момент, но малите нешта значат сè. Едноставно, сè е полесно со него. Лесно е да бидеш среќен, лесно е да се смееш, да бидеш тажен или фрустриран – иако не секогаш се насочени кон него, не ги игнорира овие чувства па и да се без причина. Животот општо е многу полесен со него покрај мене.“

„Оној момент кога ми рече да му се јавам кога ќе влезам дома со вратата заклучена, бидејќи јавувањето од гаражата за него не значело безбедно пристигнување дома.“

„Работев на компјутер кога тој дојде, ме допре за рамото и ме бакна на темето на главата. Ме обзеде љубовта која ја почувствував тогаш. Тој негов гест со кој не ми одзеде внимание, но ми покажа љубов навистина ми се допадна.“

„Тогаш кога ме изненади и возеше два часа само за да ми каже ‘те сакам’ (тој рече прв), а можеше да остане само 15 минути бидејќи мораше да се врати на работа. И после 11 години сè уште сме заедно.“

Жените одговараат: Кој е моментот кога сфативте дека сте вљубени?

„Кога за прв пат се држевме за рака. Како некаков шок низ целото мое тело. Не сакавме да се пуштиме. И по 9 години сè уште го чувствуваме тоа.“

„Го запознав маж ми на свадба на мој пријател. Во тоа време живеевме на оддалеченост од 4.000 километри. Комунициравме преку Фејсбук и телефон. Знаев дека е љубов кога ме праша дали сакам да појдам во Висконсин а јас му реков да. Го оставив зад себе животот во Калифорнија за да живеам во ладниот Висконсин. Сепак ни успеа, се зедовме по 6 години.“

„Тој навистина спие чудно. Мрази перници и чаршафи и обично спие во чудни позиции. Но сега, секоја вечер, ме повлекува кон себе во сонот ако се оддалечам од него. Кога за прв пат го направи тоа, навистина се затрескав во него.“

„Имав навистина лош ден. Се карав со најдобрата пријателка и навистина не се чувствував добро. Мојот дечко излезе од дома иако другарите му беа на гости и гледаа важен натпревар, и ме однесе на пица. Ако тоа не е љубов, тогаш навистина не знам што е.“

„Мајка ми има една книга, ‘Порно за жени’, која воглавно содржи слики од мажи кои ги извршуваат домашните задачи во долна облека. Еден ден заминав дома кај дечко ми и го видов како смука облечен само во боксерки. Ако имам таков дечко, како би можела да не сакам да го зачувам?“

„И двајцата учевме за важни тестови. Памтам дека го погледнав и видов како е целосно фокусиран на она што го чита. Знаев дека со него можам да бидам бубалица до крајот на мојот живот.“

„Искрено, не беше некој момент како од бајка или на некој екстравагантен состанок. Седевме во неговиот камион и зборувавме, па јас реков нешто (најверојатно нешто смешно), и тој се насмеа а начинот на кој ме погледна беше незаборавен. Токму тогаш знаев дека не сакам да мине ни ден без неговата насмевка или без да видам како ме гледа.“

„Никогаш претходно не сум пиела, еднаш испив многу и повратив врз него. Тоа го поднесе како вистински џентлмен и продолжи да ми ја држи главата.“

„Бидејќи е на факултет, заминав кај него на викенд. Бев нервозна бидејќи требаше да ги запознаам неговите пријатели. Но, кога стигнав таму сфатив дека сите знаат толку многу за мене. Очигледно бил горд на мене и зборувал за мене постојано. Начинот на кој ме гледаше додека зборуваше или се шегуваше со неговите пријатели навистина ми значеше многу.“

„Се заљубив брзо и силно. И двајцата седевме на каучот и одеднаш почнавме толку силно да се смееме, до солзи и хистерично. Тогаш знаев дека и по најдолгиот ден на работа ќе бидам среќна кога ќе се вратам дома.“

Жените одговараат: Кој е моментот кога сфативте дека сте вљубени?

„Акцентите ми се слаба точка. Еднаш излегов со еден тип кој прозборе на лажен ирски акцент и одвај собрав сили да не избегам од просторијата. Со дечкото со кого излегувавме неколку месеци, седевме во неговиот стан а јас искоментирав дека типот во филмот што го гледавме е секси само поради неговиот акцент. Тој се сврте кон мене и го повтори она што го рече актерот со истиот акцент. Не сакав да си заминам од собата. Тогаш сфатив, она што ме вади од кожа кај другите, не ме нервира кај него, напротив сакам кога го прави.“

„Кога по своја волја ги откажува своите планови за да дојде со мене на лекар и само да ми ја држи раката.“

„Ќе ви звучи чудно, но јас имам фобија од повраќаници. Една ноќ, откако испи многу, дечко ми повраќаше со часови. Останав со него цела ноќ и утрото кога се разбуди беше многу благодарен за мојот гест бидејќи знаеше што значи тоа за мене. Токму тогаш знаев, не се соочуваш со своите фобии со луѓе кои само ти се допаѓаат.“

„Кондомот пукна. Наместо да паничи и да избега од мене, ме однесе до аптека според планот Б, ми купи храна и остана со мене цел ден бидејќи не ми беше добро.“

„Бевме на одмор во Флорида а јас ужасно изгорев на грбот. Тој купи огромно шише алое и ми го мачкаше грбот на секој половина час без да се пожали. Во тие моменти сфатив дека сум вљубена во него. Можеби не е некоја романтична сцена од филмовите, но тоа е мојата љубовна приказна.“

„Среде ноќ, тој мисли дека спијам и нежно ме бакнува на челото. Тогаш знаев дека го љубам, бидејќи ми покажа љубов и тогаш кога не бев будна за да го видам тоа.“

И за крај, онаа која е многу честа причина и важи за повеќето од нас:

„Ме остава да му се изнавикам бидејќи имам добиено, а потоа ми купува пица.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар