Автор: Зорица ТодороваrnrnСредниот век бил навистина „неудобно“ доба за живеење поради најразлични причини, како лошите здравствени и хигиенски услови, постојаните притисоци од Црквата, разните војни за превласт и територија, но за женскиот пол можеби најстрашно било тоа што секоја мала ситница можела за миг да ве претвори во вештерка и поради тоа да го загубите животот. Среќа што не живееме во Салем, Масачусетс во 1693 година, инаку еве поради што можела да ви летне главата.rnrn
rn
1. Женско сте
rn
rnrnЖена сте? Тогаш сте една од многуте невести од пеколот на Ѓаволот. Илјадници години наназад се верувало дека жените се поподложни кон гревови отколку мажите, а грешењето е очигледен знак дека го обожавате ѓаволот.rn
2. Сиромашни сте/не можете да се издржувате финансиски
rn
rnrnСиромашните, бездомниците и оние кои се ослонувале на заедницата за поддршка биле најранливите категории осудени за „вештерски работи“.rn
3. Богати сте/финансиски независни
rn
rnrnАко сте возрасна жена која живее сама без дополнителна поддршка, најверојатно во џебот носите некоја вуду кукла. Какви било индикации дека една жена можела да живее без помошта на маж подигало узбуна.rn
4. Имате една или повеќе женски пријателки
rn
rnrnСекоја група жени која се собирала без машки придружник била нарекувана „состанок на вештерки кои го обожаваат Ѓаволот“.rn
5. Сте имале расправија со една или повеќе од вашите пријателки
rn
rnrnУште еден очигледен знак дека блиску соработувате со „грешниот“ затоа што сте подготвени на лоши зборови и несогласувања.rn
6. Сте имале расправија или несогласица со некого
rn
rnrnСекој можел да обвини кого било, па затоа ако сте биле обвинети за применување вештерски техники, исто како да ве виделе како летате качени на метла на полна месечина.rn
7. Многу сте стари
rn
rnrnПостарите жени, мажени или не, биле особено подложни на обвинувања.rn
8. Многу сте млади
rn
rnrnДороти Гуд била 4 години кога ја прогласиле за вештерка во 1692, а со самото тоа била погубена и мајка ѝ Сара. За среќа, Дороти била ослободена после 9 месеци во затвор, но после тоа цел живот останала умоболна.rn
9. Бабица сте
rn
rnrnВозраста, социјалниот и брачниот статус на бабицата, нејзината независност, паганските влијанија, тајните познавања на тревките и самото клеветење на нејзината професија служело за нејзино демонизирање. Всушност, бабиците претставувале сѐ од што се плашела Црквата.rn
10. Мажени сте и имате многу деца
rn
rnrnВие имате неприродно плодна матка која може да биде резултат само на црна магија и ништо повеќе. Сигурно ги крадете можните потомци од оние парови кои не можат да имаат деца.rn
11. Мажени сте и имате едно или воопшто немате деца
rn
rnrnЃаволот ја проколнал вашата демонска матка со неплодност. Ако вашите соседи и нивните шест деца страдаат на кој било начин, тогаш тоа е од вашата љубомора кон нив.rn
12. Сте покажале тврдоглавост или „чудно однесување“
rn
rnrnПокажете какво било тврдоглаво однесување и нема друго објаснување, вештерка сте. Имате премногу барања, го повишувате тонот, менувате расположенија…rn
13. Имате младеж или брадавица
rn
rnrnСекој таков знак бил толкуван како белег на Ѓаволот. Тоа е местото на кое вашата мачка, кучето или змија (сепак сте вештерка) се закачува за вас и ви ја пие крвта.rn
14. Во фрижидерот ви се расипало млекото
rn
rnrnНеколку од судењата во Салем ги поврзале расипаните млечни производи на обвинетите со нивното вештерство. Бидете искрени за состојбата на вашиот фрижидер пред да продолжите.rn
15. Сте имале секс пред бракот
rn
rnrnАко ова е точно за вас, веднаш фрлете се во пламените јазици на пеколот. Во 1651 година, Алис Лејк и самата признала дека соработувала со Ѓаволот во својот грев бидејќи останала бремена.rn
16. Сте се обиделе да го предвидите идентитетот на вашиот иден сопруг
rn
rnrnДали понекогаш сте си го замислувале мажот од соништата? Сте го пишувале неговото презиме до вашето по тетратките во училиште? Тогаш сте исти како Титуба, робинка која живеела во Салем и кај која оделе младите девојки за да им ги предвиди идните мажи. Непотребно е да кажеме дека нормално, Титуба била погубена.rn
17. Сте го прекршиле секое правило во Библијата и со тоа сте склопиле пакт со Ѓаволот
rn
rn
- rn011
- Прељуба
- Посејување повеќе од еден вид семе во поле
- Допирање мрша од свиња
- Носење облека направена од повеќе од еден вид ткаенина
- Коса исплетена во плетенки
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnСте направиле ли некоја од овие работи? Тогаш честитки, обвинети сте за вештерство и блиско соработување со пеколните задоволства.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
