Која е најчестата причина за несогласувања помеѓу партнерите?
Заедничкиот живот покрај прекрасните моменти, со себе носи и проблеми кои најчесто се поврзани со незначителни ситници. Едно истражување ни покажало дека најчестата причина за бурните караници помеѓу партнерите, која се појавува во просек на секои 11 денови, е нередот во домот.
Трупањето непотребни ситници како спортската опрема, расипаните кујнски апарати, непотребните алати и слично едноставно ги вади од такт жените. Од друга страна пак, мажите не можат да ги поднесат илјадниците непотребни сентиментални ситници кои нивните партнерки ги чуваат уште од основно училиште, кои немаат никаква корист, па дури не можат да се употребат ни како декорации.
1 од 8 парови признале дека тие тајно ги уништуваат оние нешта кои сметаат дека се непотребни за својот партнер, додека пак кај сите парови, само во првата година од заедничкиот живот се отфрлаат предмети чија вредност може да достигне и до 350 евра.
Податоците се резултат на едно британско истражување кое било спроведено врз повеќе од 2.000 парови кои делат заеднички простор и чии несогласувања можат да резултираат со крај на врската. Психолозите советуваат дека компромисот е клучниот дел за успех на врската, но веднаш позади него е и подготвеноста на партнерите да ги менуваат оние навики кои ги стекнале додека биле сингл.