За некои луѓе шопингот е забава, додека пак за други, тоа е нешто што целосно ги истоштува. Доколку и вие сте од оние личности кои не уживаат во целиот процес на шопингот, тогаш ова огледало е совршено за вас. Станува збор за „MemoryMirror“, дигитално огледало кое овозможува ротирање за 360 степени, како и поврзаност со социјалните мрежи.rnrn
rnrnОва огледало ви овозможува да ја промените бојата на вашата облека со само една гестикулација или паралелно да гледате повеќе модели со цел да видите кој е посоодветен на вашето тело. Размислете, колку често сте сакале второ мислење додека сте биле на шопинг сами? „MemoryMirror“ исто така овозможува споделување на комбинациите кои ги пробувате со вашите пријатели на социјалните мрежи. Да не должиме, погледнете за што точно станува збор во следново видео…rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.