Кога најблиските пријатели влегуваат во нови љубовни врски вашиот меѓусебен однос неопходно претрпува одредени промени. За некого кој и понатаму е сингл тие промени не се најпосакуваниот тек на работите, но затоа овие неколку совети од терапевтот Џерилин Блек би требало да помогнат.rnrn
rn
1. Прифатете дека промените во вашиот однос се неизбежни
rnВашиот/та пријател/ка може да исчезне на одредено време кога ќе најде нов партнер. Дури и кога ќе се видите тие ќе бидат зафатени со споделување на новата возбудлива ситуација од својот живот, додека вам ви фали меѓусебна комуникација каква што сте имале порано. Тоа е моментот кога треба да прифатите дека работите не можат да бидат исти како порано. Блек вели дека на вашите пријатели им се случува нешто убаво во животот и ни самите не можат лесно да се снајдат со големиот наплив на емоции во тој период. Затоа, мора да научите да бидете трпеливи и да имате разбирање за тоа што се случува. Впрочем, сигурно и вие би се однесувале исто кога би биле на нивно место.rn
2. Проширете го кругот на пријатели
rnОдеднаш ќе немате со кого да отидете на кино или да излезете во дискотека, па затоа ќе мора да преземете чекор за запознавање на нови луѓе или обновување на стари пријателства кои веќе не се толку интензивни. Не е лесно да се стекнат нови блиски пријатели кога сте веќе возрасни, но тоа може да се покаже како неопходно кога оние кои ви се блиски ќе имаат помалку време за вас.rnrn
rn
3. Не очајувајте што сте сингл
rnМоже да се почувствувате осамено сега кога немате партнер, а ниту пријателите не се веќе толку често тука за интензивно да се забавувате. Немојте да очајувате што сте сингл. Победа над осаменоста не е вистинска причина за започнување на врска. Исто така, сингл статусот носи и одредени предности кои можете да ги искористите.rn
4. Не плашете се да искажете како се чувствувате
rnИскреноста е важна за опстанување на едно пријателство. Иако вашите пријатели ќе ви зборуваат главно за убави нешта, не плашете се да покажете ако вие се соочувате со некакви проблеми во животот. Ќе има моменти кога ќе почувствувате дека моментот не е соодветен за тоа, но вашиот близок пријател не може да знае дека се случува нешто ако не му кажете. Тоа што кај нив доминира радоста не значи дека не сакаат да ве утешат ако ви е тешко. Сепак, тие се уште ви се пријатели и очекуваат да им се доверувате исто како и порано.rn
5. Не им се мешајте во врската
rnНа крај, Блек советува и да останете подалеку од нивните меѓусебни проблеми со цел да не ја загубите довербата. Понекогаш ќе бидете прашани за совет и за мислење како да сте судија, но подобро е да останете понастрана од сето тоа, поради вас и поради нив.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.