Денес е лесно да се прислушува телефон. Можно е дури и преку имејл или блутут на него да бидат испратени и инсталирани апликации кои од него ќе црпат информации и ќе ги праќаат до оној кој е заинтересиран за нив. Ако некогаш се посомневате дека вие сте жртва на таков напад, задолжително проверете го присуството на овие неколку знаци.rnrn
rn
Батеријата брзо се троши
rnАпликациите кои го прислушуваат телефонот побрзо ја јадат батеријата. Тие работат и кога не го користите, па како последица на тоа батеријата многу брзо се троши.rn
Температура на батеријата
rnАко температурата на батеријата е доста висока во моментите кога не го користите телефонот, тоа може да значи дека имате некој проблем со неа, но и дека можеби имате инсталирано софтвер за следење на комуникациите кој бара батеријата да работи малку повеќе.rn
Телефонот потешко се исклучува
rnСледењето на вашата комуникација е една од причините поради кои вашиот телефон се гаси побавно од вообичаеното. Истите апликации кои ја трошат батеријата бараат и подолго време за да се исклучат пред да се исклучи и телефонот.rn
Необјаснива активност
rnОва може да се случи и поради други причини, но треба да знаете дека прислушуваниот телефон може често пати да се вклучува и исклучува или инсталира и апдејтира апликации без ваше барање.rnrn
rn
Чудни СМС-пораки
rnАматерското следење на комуникациите може да ви даде сигурен знак дека нешто се случува ако добиете некои чудни СМС-пораки од непознат број во кои има знаци кои не ги разбирате. Прислушувачите понекогаш користат СМС за да го инсталираат софтверот на телефонот кој сакаат да го следат, а ако таа инсталација не биде направена професионално и како што треба, се добиваат вакви пораки.rn
Погледнете ги податоците во сметката
rnАко имате потрошено повеќе интернет сообраќај отколку што сметате дека сте можеле да потрошите, а телекомуникациската компанија нема ништо со тоа, можно е некој друг однадвор да го троши тој сообраќај извлекувајќи информации од телефонот.rn
Шумови во разговорите
rnПонекогаш може да е лоша врската, но понекогаш и уредите за следење придонесуваат за зуење и шумови во текот на телефонските разговори.rn
Дисторзија на гласот
rnДоколку ви се чини дека вашиот соговорник има роботски глас, тогаш задолжително проверете ги сите останати знаци на прислушувањето, затоа што има големи шанси тоа навистина да се случува.