Самоук кинески фотограф со неверојатно око за фаќање чудни моменти низ објективот

Самоук кинески фотограф со неверојатно око за фаќање чудни моменти низ објективот

Тао Лиу е самоук кинески фотограф кој не бил отсекогаш познат како што е денес. До неодамна бил само читач на водомерите во градот Хефеи со голем интерес за фотографијата. Во 2011 година купил добар фотоапарат и почнал да слика околу себе. Неговите фотографии сепак не се исти како оние на сите други фотографи-аматери, затоа што Тао има неверојатно око за фаќање на некои необични моменти низ својот објектив.

Самоук кинески фотограф со неверојатно око за фаќање чудни моменти низ објективот

Овие фотографии почнал да ги прави за време на паузите за ручек или додека се враќал дома од работа. Ги објавувал на интернет и кон крајот на 2014 година веќе почнало да доаѓа и вниманието од јавноста. Неговите необични слики станале многу популарни на кинеските социјални мрежи, а подоцна и на некои телевизии. Вели дека нивната цел е „да ги потсети луѓето за важните моменти во животот“. Неговите дела се неверојатно добри, имајќи предвид дека сè што знае за фотографијата го има научено самиот преку интернет, книги и списанија.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар