Nescafé ве буди и наградува со топло кафе и подароци

Nescafé ве буди и наградува со топло кафе и подароци

Од 10 до 31 декември, NESCAFÉ низ неколку промоции подарува 2.500 шолји топло кафе и исто толку новогодишни подароци на случајните минувачи низ неколку градови во Македонија.

1-nescafe-ve-budi-i-nagraduva-so-toplo-kafe-i-podaroci-kafepauza.mk

NESCAFÉ во студените предновогодишни утра тргна во акција за расонување и загревање на граѓаните што случајно ќе ги сретне низ градските улици. Од 10 до 31 декември, случајните минувачи на најфреквентните улици на главниот град имаат можност да уживаат во вкусот на NESCAFÉ Classic и NESCAFÉ 3in1. Покрај жителите на Скопје, топлото кафе деновиве стигна и до битолчани, прилепчани и струмичани.

2-nescafe-ve-budi-i-nagraduva-so-toplo-kafe-i-podaroci-kafepauza.mk 3-nescafe-ve-budi-i-nagraduva-so-toplo-kafe-i-podaroci-kafepauza.mk

Оние кои во рамките на кампањата „NESCAFÉ ве буди и ве наградува“ првото утринско кафе ќе го испијат на градските улици, во духот на претстојните новогодишни празници добиваат и интересни подароци. Имаат можност да извлекуваат картички што им носат вредни подароци, меѓу кои има црвени NESCAFÉ шалови, термоси, шолји, нотеси, NESCAFÉ производи и други награди.

Тимовите на NESCAFÉ исто така ги посетуваат и факултетите и читалните, за да им помогнат на студентите при подготвувањето на испитите. Со освежувачкото NESCAFÉ 3in1, студентите се дружат на паузите од учењето, а добиваат и NESCAFÉ 3in1 „индекси“ со гратис кафе. Студентите што ги пополнуваат овие „индекси“ на креативен начин, ги фотографираат и ги испраќаат на Facebook страницата NESCAFÉ 3in1, како подарок може да добијат пакет NESCAFÉ 3in1 кафе.

4-nescafe-ve-budi-i-nagraduva-so-toplo-kafe-i-podaroci-kafepauza.mk 5-nescafe-ve-budi-i-nagraduva-so-toplo-kafe-i-podaroci-kafepauza.mk

Авторите на фотографиите кои ќе соберат најголем број лајкови во Facebook албумот ќе добијат залиха од ова омилено кафе за целата академска година! На студентите до сега им се поделени 50.000 индекси и околу 80 подароци.

Кафето е пијалак, кој после водата, е најконсумиран во светот, а според некои проценки, дневно се пијат околу 1,4 милијарди шолји од оваа магична напивка, чија историја датира од IX век. Зборот „кафе“ потекнува од арапскиот збор „kaveh“, што во превод значи сила и енергија, кои во оваа прилика низ вкусот на првото утринско кафе, NESCAFÉ им ги подарува на граѓаните на Македонија.

6-nescafe-ve-budi-i-nagraduva-so-toplo-kafe-i-podaroci-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар