Автор: Зорица Тодорова
Паузата за појадок ви заврши, го испивте второто кафе за денес и токму кога треба да бидете најпродуктивни, вие не можете да престанете да се проѕевате. Чувствувате како енергијата полека ви опаѓа и најрадо би сакале сега да отспиете барем половина час. Овие брзи и едноставни трикови би требало да ви помогнат да ја надминете дремката што ве напаѓа и брзо да се вратите во колосек.
rn
Изедете банана
rnНови истражувања покажуваат дека бананите се богати со јаглехидрати и хранливи состојки како калиумот кои ви даваат енергија многу повеќе од енергетските пијалаци.
rn
Превртете се наопаку
rnОвој трик ја менува вашата циркулација и ве буди: како што седите на стол ставете ја главата меѓу нозете. Оставете ги рацете да висат на подот околу 20 секунди и потоа полека исправете се.
rn
Напијте се зелен чај
rnОвој вид чај содржи кофеин и теин, аминокиселина која помага во смирување на вашиот нервен систем. Како резултат добивате постепено освежување наместо остар шок.
rn
Штипнете се за образите
rnВашата баба сепак била во право. Притисокот врз образите го стимулира крвотокот во вашето лице што веднаш ве прави будни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

