Мислеле дека посвојуваат мини-прасе, но по 2 години и 300 кг сфатиле дека чуваат свиња во целосна големина
Животот понекогаш знае да ви даде маскирана среќа. Кога Стив Џенкинс и Дерик Волтер од Канада ја посвоиле Естер, мислеле дека таа е само едно мало прасе. На нивно изненадување, по 2 години и 300 килограми, нивното „минијатурно прасенце“ се претворило во свиња со целосна големина. Но, тоа не ја спречило љубовта и пријателството на Стив и Дерек, баш напротив, нивното искуство со Естер ги променило нивните животи на подобро.
Кога тие сфатиле колку е Естер интелигентна и пријателски настроена (свињите се исто толку интелигентни како и кучињата), тие веќе не можеле да ја поднесат идејата да јадат месо, па токму затоа станале вегани. Исто така, поради начинот на кој Естер влијаела врз нив, тие решиле да создадат засолниште за животни. Тие велат дека не е едноставно да се чува свиња и не секој би можел да успее во тоа, па погледнете како тие се снаоѓаат со ова слатко животно во нивниот дом…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.