Храна која ќе ви помогне да забремените

Храна која ќе ви помогне да забремените

Селенот е минерал кој му е потребен на нашето тело. Во мали дози има позитивно влијание на нашето здравје, додека во големи количини може да биде дури и опасен.

hrana-koja-kje-vi-pomogne-da-zabremenite-kafepauza.mk

„Премногу селен (200 микрограми на ден) се поврзува со зголемен ризик од дијабетес дип 2, рак на простатата, а поголема количина од овој минерал нема да има позитивен ефект ниту на срцето. Селенот е еден од оние елементи кои му се потребни на нашиот организам, но многу е важно да се одреди вистинската доза“, објаснува Марк Мојард, автор на книгата „Прирачник за додатоци во исхраната“ (The Supplement Handbook).

Истражувачите имаат утврдено дека количината на селен во телото се поврзува со плодноста, поточно жените кои внесуваат доволно од овој минерал во својот организам во поголем број случаи полесно остануваат бремени од оние кои не го внесуваат доволно.

Еден од најсигурните начини да внесете доволно, но не и премногу селен е да го внесувате преку храната. Па, кои намирници треба да ги јадете?

1. Бразилски ореви

Бразилскиот орев е најдобар извор на селен со 514 мкг на 30 грама ореви (6-7 ореви).

2. Риба

Со 95 мкг на порција туна, таа е на второ место. Добар извор на селен се и сардините со 45 мкг по порција.

3. Свинско, говедско, пилешко

Како и рибата, и месото е богато со селен. Бифтекот има 42 мкг, говедското 33 мкг, мисиркиното има 31 мкг, а пилешкото 22 мкг по порција.

4. Домашно сирење

Не само што има 20 мкг селен туку и 130 мг калциум на 100 грама.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар