Неочекувани новогодишни резолуции кои имаат моќ да ви го променат животот

Неочекувани новогодишни резолуции кои имаат моќ да ви го променат животот

Како што се доближува новата година, така сите се чувствуваат поуморно и едвај чекаат да дојде 1-ви јануари за да можат да почнат од почеток. Сега е вистинското време за правење големи промени. Сите се чувствуваме како да можеме да бидеме подобри, да трчаме побрзо, да се исхрануваме поздраво… Сè тоа изгледа толку едноставно за во следната година.

Ако размислите подобро, поставувањето на целите е нешто прекрасно, но доколку претераме со очекувањата „да бидеме подобри во секое поле од нашиот живот“ тоа може да доведе до комплетен хаос. И бидејќи нема да успееме да ги постигнеме овие наши енормни цели, големи се шансите дека за една година од сега ќе се чувствуваме повторно уморно и како да не сме направиле ниту еден чекор напред. За да ги избегнете овие нешта, погледнете ги наредниве неочекувани новогодишни резолуции кои ќе ви помогнат да ја направите оваа година најуспешна досега…

Неочекувани новогодишни резолуции кои имаат моќ да ви го променат животот

1. Испланирајте време за себе

Вие сте секогаш достапни и тоа не е толку привлечно колку што мислите. Размислете малку, вашите имејлови доаѓаат директно на вашиот мобилен телефон, кој е секогаш во вашиот џеб. Сите, вклучувајќи ги и вашиот шеф и соработниците теоретски можат да допрат до вас во секое време и на секое место.

Токму затоа поставете граници. Одредете време во кое едноставно ќе го исклучите звукот на вашиот мобилен и ќе се посветите целосно на себе. На овој начин малку ќе се оддалечите од технологијата и со тоа ќе го одморите и вашиот мозок.

2. Направете си одмор кој никогаш нема да го заборавите

Кога последен пат сте отишле на одмор без технологија? Во денешно време секаде има ви-фи и токму поради тоа сите имаат можност да бидат во тек со секој ваш чекор, вклучувајќи ја и храната која ја јадете. Но, социјалните медиуми не се она што нè прави навистина среќни.

Зошто едноставно да не бидете присутни во сегашноста, да уживате целосно во она што го правите, па откако ќе заврши да го споделите и со другите? Деновите ќе ви изгледаат подолги, а со тоа ќе имате поголема можност да се поврзете со реалниот свет околу вас.

3. Секоја вечер потсетете се дека денот ви завршил успешно

На крајот од работното време, сите брзаат да стигнат дома што побрзо. Но, веднаш потоа започнуваат домашните обврските, кратката посета на тератаната, кафето со најблиските… Токму ова размислување дека денот е прекраток и дека мора да брзаме за да постигнеме сè што сме наумиле не нè прави посреќни, ниту пак попродуктивни.

Не ви велиме да ги отфрлите сите активности надвор од работата, туку да почнете да се фокусирате на сите оние нешта кои сте успеале да ги завршите. Исто така потребно е секогаш да најдете време за пауза помеѓу вашиот домашен и работен живот. Доволни ви се само 2 минути дневно за да земете воздух и да бидете благодарни за успехот на овој ден.

4. Престанете со зборување

Ако сакате да направите нешто што ве исполнува, престанете да зборувате за тоа. Толку. Зборувањето за оние нешта кои сакаме да ги направиме, без разлика за што станува збор, го одвлекува нашето внимание од самите цели.

Со други зборови, колку повеќе живеете во сегашноста и сте свесни за местото на кое во моментот се наоѓате, толку подалеку во иднината ќе можете да видите. Помалку зборувајте, повеќе делувајте!

5. Исфрлете дел од вашите цели

Некои од вашите стари цели можат само да ве влечат наназад, бидејќи тие едноставно може веќе да немаат смисла за вас. Ослободете го вашиот ум така што конечно ќе ги исфрлите од вашите мисли. Направете простор за нови цели и нови можности кои ќе ве чекаат на следниот агол од вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар