Под мотото „Види уметност онаму каде што другите гледаат само отпад“ вчера во просториите на Кинотеката на Македонија беа прогласени добитниците на првите три награди во двете категории, поединци и училишта, на конкурсот „Trash for art“, распишан од страна на Пакомак.
Холот на Кинотеката беше исполнет со несекојдневни, интересни уметнички дела кои покажаа дека најважната работа во креирањето е идејата и желбата, а не материјалот.rnrn
„Оваа година имаме пријавени 160 уметнички дела изработени од амбалажен отпад. Учесниците навистина се потрудиле својата креативност да ја донесат до највисоко ниво креирајќи најразлични животни, макети, и други интересни предмети изработени од амбалажен отпад. Среќен сум што успешно заврши уште едно издание на конкурсот ‘TFA’ каде ги предизвикуваме учесниците на креативен начин да го преформулираат значењето и функцијата на отпадот“, изјави Филип Ивановски, директор на „Пакомак“.
rnНаградите беа доделени во две категории и тоа поединци и училишта. Во категоријата поединци првата награда од 50.000 денари му припадна на Стефан Анчевски, додека во категоријата училишта 50.000 денари ги доби СУГС „Никола Карев“ – Скопје.
Оваа година за сите дела кои влегоа во потесниот избор Пакомак подготви Дипломи за финалисти на Конкурсот Trash for Art 2014.
Наградените дела и делата-финалисти ќе бидат изложени од 21-ви декември 2014 година во Веро-центарот, кога и ќе се случи официјалното доделување на наградите со почеток во 13 часот на големиот хуманитарен настан во организација на Пакомак, Котиледон продукција и Веро.
Повеќе информации во врска со резултатите од конкурсот и наградените поединци и училишта можете да најдете на нивниот веб-сајт.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

