Сега кога The Pirate Bay е привремено неактивен, потребно е да се бараат нови извори на торенти. Замунда веќе сите ја знаете, но еве и некои други сајтови кои можат да ви послужат.rn
1. Kickass.so
rnОвој сајт е многу сличен на The Pirate Bay. Тука можете да најдете буквално сè што ќе ви падне на памет, ако на некој пред тоа му текнало да го постави тука. Негова многу добра страна е тоа што при пребарување филмови, резултатите ги групира според квалитетот на сликата.
rn
2. Torrentz.eu
rnОвде може да го најдете секој торент на интернет. Torrentz.eu всушност пребарува други сајтови со торенти и ви ги дава резултатите од сите нив.
rn
3. Bitsnoop.com
rnТие самите за себе велат дека „ако нешто не можете да најдете кај нив, тоа не ни постои“. Се фалат дека имаат најголем број торенти на интернет.
rn
4. YTSre.eu
rnПорано познат како YIFY-torrents, на овој сајт можете да најдете само филмови со исклучително добар квалитет на сликата. Нивните торенти не излегуваат веднаш штом излезе и филмот, туку се чека на нивните ДВД и блу-реј изданија и воопшто не се постираат снимки од кино. Тоа гарантира врвен квалитет. Пребарувачот може да ви најде филм според жанр, квалитет на сликата или оценка на ИМДБ.
rn
5. Torrentbutler.eu
rnНа Torrent Butler можете да најдете филмови од најразличен квалитет, од кино снимки, па сè до HD.
rn
6. ExtraTorrents.cc
rnИ на ExtraTorrents.cc се постираат само торенти од филмови. Групирани се по квалитет, така што пребарувањето е многу лесно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

