Кубански сендвич – обилно и раскошно гурманско искуство
Е, ова е сендвич!
Потребни состојки за 4-6 порции:
- 1 багет или чијабата (освен ако не најдете кубански леб)
- 250 грама свинско месо исечено на парчиња
- 250 грама шунка исечена на парчиња
- 250 грама кашкавал
- 4 кисели краставички, исечени надолж
- 4 лажици сенф
- 4 лажици мајонез
- малку путер
Начин на подготовка:
Пресечете го лебот по должина на два дела и отворете го. На едната страна намачкајте го мајонезот, а на другата сенфот. Потоа наредете ги веќе зготвеното свинско месо, шунката, киселите краставички и кашкавалот. Преклопете го сендвичот и продолжете со приготвување на еден од следните два начини:
На тостер: Намачкајте малку путер на сендвичите и ставете ги на тостер. Печете неколку минути додека не се растопи кашкавалот, а потоа исечете го сендвичот на четири до шест парчиња и послужете.
На тава на оган: Ставете го сендвичот во тава на среден оган на кој претходно сте ставиле путер. Потоа врз него ставете уште едно тавче со кое ќе го притиснете сендвичот. Пржете додека не се растопи кашкавалот, при што еднаш ќе го свртите сендвичот од другата страна.
За повеќе сендвичи од ваков тип, разгледајте ги можностите дадени на овој линк.