Автор: Зорица ТодороваrnrnМомците ценат некои необични работи кај девојките. Можеби не би помислиле на овие нешта кога би сакале да ги затоплите вашите односи, но доколку почнете да ги применувате, ќе се уверите дека ќе бидат добро прифатени.rnrn
rn
1. Кога го гледате натпреварот заедно со него
rnВистинската девојка си дозволува да изгледа еден фудбалски натпревар со својот партнер и покрај тоа што можеби не е најголемиот фан на Манчестер Јунајтед или фудбалот воопшто. Верувајте, тоа ќе му ја разубави вечерта.rnrn
rn
2. Кога му ставате храна во уста
rnМажите обожаваат кога нивните партнерки се грижат за нив, како на пример кога ги храните затоа што заборавиле да јадат гледајќи фудбал на телевизија или играјќи видео игри со другарите.rnrn
rn
3. Деловна преку ден, забавна преку ноќ
rnДевојка која се држи пристојно во текот на денот, но знае да се опушти на вечерно излегување е многу секси. Секој почитува девојка која сака да се забавува со пријателките после долг и напорен ден.rnrn
rn
4. Кога ја преземате контролата во кревет
rnМажите не сакаат жени кои чекаат на нив и за кои сексот претставува обврска. Тие сакаат кога ги преземате работите во свои раце и ги заменувате улогите со нив, покажувајќи им што сакате.rnrn
rn
5. Вашите облини
rnВие можеби си имате зацртано да направите стомачни мускули, но мажите напротив сакаат меки женски облини. Ништо не е посекси од девојка со висока самодоверба која го сака своето тело. Токму за тоа пее Меган Трејнор во All About That Bass.rnrn
rn
6. Кога не порачувате типични женски пијалаци
rnКога сакате да импресионирате некого, заборавете на коктелите или на вотка-мартини. Секој маж обожава да види жена со чаша виски во рака, секако доколку ужива во тоа.rnrn
rn
7. Кога се враќате дома испотена од вежбање
rnЗа мажите се многу секси девојките кои си доаѓаат дома испотени и несредени после добар и напорен тренинг, уште повеќе што знаат дека водите грижа за своето тело и сакате да изгледате добро за нив.rnrn
rn
8. Кога се будите со размачкана шминка
rnПонекогаш заборавате да ја измиете маскарата и другата шминка пред спиење и наутро се случува да се разбудите со потечени „ракун-очи“, како да сте плачеле. Токму тогаш сте им најубави и најженствени.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.