Покрај добро познатиот факт дека цигарите се смртоносни и виновни за преку 480.000 смртни случаи годишно, според Центарот за контрола и превенција на болести, тие се сѐ уште популарна навика помеѓу луѓето. Доколку сте пушач кој сака да си направи услуга и да ги откаже цигарите, тогаш треба да ги знаете резултатите од последните научни истражувања.rnrn
rnrnСпоред студиите, најдобриот начин за да ги откажете цигарите е и најлогичниот и најочигледниот начин: Наместо да ги откажувате постепено, треба да го направите тоа веднаш и целосно. Студијата објавена во „Аналите на внатрешната медицина“, била спроведена врз 700 тешки пушачи кои биле поделени во две групи.rnrnНа едната група им било кажано да изберат ден од неделата во кој ќе се откажат од пушењето. Од тој ден па натаму, не смееле да ги допираат цигарите. Им биле дадени никотински фластери две недели пред денот кој го избрале, за да го олеснат процесот на откажување. На другата група им било кажано постепено да го намалат бројот на цигари додека не ги откажат целосно. Им биле давани помошни гуми за џвакање и никотински фластери за и ним да им се олесни процесот.rnrnНа двете групи им биле дадени никотински фластери и после експериментот, бидејќи сепак станувало збор за тешки пушачи. Резултатите покажале дека првата група била значително поуспешна во откажувањето на цигарите, отколку втората. Еден месец по истражувањето, 49% од луѓето кои одеднаш престанеле да пушат цигари, останале непушачи. Другата група, пак, која постепено ги откажувала цигарите, по еден месец од истражувањето се покажало дека само 39.2% од луѓето останале непушачи.rnrnСе разбира инстантното престанување со пушењето не е единствениот начин да ги откажете цигарите. Иако идејата да изберете еден ден и веднаш да престанете звучи привлечно, сепак и градуалниот метод во кој постепено ги откажувате цигарите може да делува. Она што е најважно е да имате јасна цел, мотивација и поддршка од своите најблиски. Откажувањето од цигарите е многу тешко, но со добрата информираност и силната волја, може да биде и многу изводливо. Направете му на вашето идно себе услуга и откажете ја оваа опасна навика. Има многу други поинтересни и повозбудливи работи кои можете да ги правите за да го трошите времето.
Најдобриот научен начин да се откажете од пушењето
