Ладните месеци ја црпат целата енергија од нас, а и инспирацијата за носење весели бои. Така, започнуваме да носиме црно од глава до петици, темно сина, кафеава и други темни бои чиј единствен опис е „неутрално“. Ако се пронајдовте во овие зборови, тогаш погледнете како да ги инкорпорирате веселите бои во плакарот, а со тоа да го подобрите и вашето расположение.rn
1. Носете палто во весела боја
rnАко постои само едно нешто што треба да го додадете во вашиот плакар тогаш тоа е палто во јака боја. Одберете палто во вашата омилена нијанса кое секогаш можете да го носите врз кое било друго парче.rnrn
rn
2. Искористете го „колор блокинг“ трендот
rnАко преферирате повеќе бои, тогаш инвестирајте во јакна (или кое било друго парче облека) кое има колор блокинг. Розовата капа одлично ја надополнува розовата линија на нејзиниот капут.rnrn
rn
3. Ризикувајте со смели обувки
rnОбувките во силна боја дефинитивно ќе ја истакнат вашата комбинација и ќе направат да се издвоите од масата.rnrn
rn
4. Комбинаторика од темни парчиња со чанта во пастелни тонови
rnАко претходниот совет не ви се допаѓа, тогаш обувките заменете ги со чанта. Ова е фантастична опција за оние кои сакаат да се држат до темните бои во текот на целата зима. Чантите во пастелна боја додаваат доволно боја за комбинацијата да не биде монотона, а не е премногу за да се чувствувате како целофан од бонбонче.rnrn
rn
5. Употребете ги основните бои
rnДодека пастелните и флуоресцентните тонови треба да се поседуваат, примарните бои се основна инспирација во зимскиот период. Изгледаат одлично покрај неутралните бои и се надополнуваат меѓу себе. Црвена и сина, жолта и зелена, портокалова и виолетова. Одберете комбинација од две бои и така градете ја комбинацијата.rnrn
rn
6. Обоено крзно
rnИзгледа исто како да носите јакна во силна боја, но освен што ќе направи да блеснете, крзното и ќе ве стопли. Плус, можете да го носите со темни нијанси без да изгледате здодевно.rn
rn
7. Пантолони за силен впечаток
rnАко крзното и обувките ви се премногу ризични, тогаш одберете пантолони. Со нив ќе оставите силен впечаток. Интересен микс е фушиа со црно или бело и спојот помеѓу кобалт сината и ловечко зелената.rnrn
rn
8. Клучот е во ракавиците
rnАко навистина сакате да покажете дека владеете со контрастните бои, тогаш носете црно-бела комбинација и додадете ракавици во храбра боја. Таа може да биде црвена, виолетова, жолта или која било богата нијанса. Вака, вашите раце ќе зборуваат сами за себе.rnrn
rn
9. Од глава до пети во силни бои
rnАко не можете да се справите со комбинацијата од две силни бои тогаш креирајте изглед кој ќе биде целиот во силни бои. Експериментирајте. Зимската облека има тенденција да биде неверојатно здодевна и понекогаш ви е потребна промена. Мешајте материјали и бои и дознајте што вам ви одговара.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
