Човештвото е родено на планетата Земја, но не мора да изумре на неа
rn
Режија: Кристофер НоланrnrnУлоги: Метју Меконахи, Ен Хатавеј, Џесика Честејн, Мајкл КејнrnrnВреметраење: 169 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 7 ноември 2014rnrnЖанр: авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува на планетата Земја, во иднина, каде што можеме веднаш да забележиме дека работите тргнале наопаку. Растенијата изумираат, луѓето гладуваат, песочни бури владеат со површината… Светот има потреба од добри фармери кои даваат сè од себе за да произведат доволно храна со која би се прехраниле луѓето, но изгледа дека тоа не е доволно. Секојдневните песочни бури прават да е скоро невозможно да се дише, па не само што гладуваат, луѓето истовремено и се задушуваат.rnrn
rnrnПо пат на неколку навидум случајни настани Купер (Метју Меконахи) и неговата 10-годишна ќерка Марф (Мекензи Фој) ќе успеат да откријат установа која со години е чувана под најстрога тајна. Во неа живеат и работат единствените луѓе на планетата кои би можеле да го спасат човештвото од сигурна смрт. Професорот Бренд (Мајкл Кејн) кој го посветил својот живот во потрага по нова планета за човештвото ќе го убеди Купер, еден од последните искусни пилоти од НАСА кои сè уште се живи, да му помогне во неговиот план. Токму тогаш ќе започне една од најстрашните и најмистериозните мисии кон нови и непознати вселенски пространства во историјата на човештвото…rnrn
rnrnВеднаш да ве предупредиме, овој филм е многу долг и претерано тежок за гледање. Тој побудува силни емоции и откако ќе заврши ќе ви бидат потребни неколку минути да се вратите повторно во реалноста. Но, имајте на ум дека доколку сакате целосно да го сфатите мора да имате барем основно познавање на законот за релативноста, време-просторот и црните дупки. Во спротивно, кога филмот ќе заврши ќе останете збунети и со илјадници прашања во вашата глава кои ќе ви го расипат доживувањето од филмот.rnrn
rnrnНо, и покрај сè овој филм навистина вреди да се гледа. Тој ќе ве натера да се замислите за природата на човекот, што е тоа што нè прави луѓе и колку сме подготвени да преживееме дури и во најсуровите услови. Тимот од актери е неверојатно добро избран и секој ја игра својата улога со извонредна совршеност. Приказната ќе ве понесе со себе и на моменти ќе чувствувате како да сте таму, веднаш покрај главните ликови, обидувајќи се да ја решите најголемата мистерија на Универзумот. Токму тоа е она што го прави филмот „Interstellar“ еден од најдобрите филмови на деценијата.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
