4 жешки начини да носите облека од вашето момче
Понекогаш пребарувањето низ женскиот плакар може да биде многу напорно, особено ако целата гардероба е во хаос, но од друга страна поголемиот дел од мажите го одржуваат својот шкаф беспрекорно среден. Па, доколку некогаш немате време да пребарувате низ илјадниците парчиња облека, а мора во брзо време да излезете од вашиот дом, можете да позајмите облека и од вашето момче. Сè што треба да знаете е како да ја искомбинирате неговата облека со вашата и за кратко време и без многу напор ќе имате жешка комбинација за денот пред вас.
1. Тексас кошула
Според едно неодамнешно истражување, околу 99% од мажите поседуваат тексас кошула. Оваа кошула можете да ја носите на два начина. Закопчајте ја до горе и носете ја врз тесни фармерки или пантолони за софистициран изглед или носете ја целосно откопчана како кежуал алтернатива.
2. Обична маичка со кратки ракави
Мажите обожаваат маички, па токму затоа поголемиот дел од нив поседуваат голем број од овие парчиња облека. За среќа, тие доаѓаат во различни бои и со различни дизајни, па токму затоа лесно ќе можете да направите комбинација со кои било ваши фармерки, пантолони или здолништа. Можете дури и да ја комбинирате со кармин и високи потпетици, можностите се едноставно бескрајни.
3. Фармерки
Позајмувањето фармерки од вашето момче може да биде малку комплицирано поради можноста тие да ви бидат преголеми. Но, доколку можете да го решите овој проблем со каиш, тогаш брзо ќе бидете подготвени за новиот ден. Широкиот и удобен изглед кој доаѓа со неговите фармерки станува сè попопуларен, а во комбинација со модни детали можете да го задржите вашиот женствен изглед.
4. Актовка
Зарем има маж кој не поседува добра кожна актовка? Да се надеваме само дека вашето момче поседува актовка која е доволно голема да го собере вашиот лаптоп, но и сите ваши производи за убавина.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.