Оваа смела фотосесија ќе ве натера да си го сакате сопственото тело
Литванската фотографка Neringa Rekasiute и новинарката Beata Tiskevic, поканиле група жени да ја соблечат својата облека и да позираат пред огледало за фотосесија наменета за фондацијата WEWOMEN. Оваа реална фотосесија е бунт против нереалната претстава за женското тело која ја даваат медиумите.
За оваа фотосесија 12 жени позираат во долна облека, а секоја од жените носи своја приказна. Некои од нив страдале од анорексија, преживеале рак на дојка, се бореле со булимија, депресија, витилиго, или стрии, со еден збор се срамеле од своето тело.
Погледнете дел од фотосесијата која ја сочинуваат овие прекрасни и смели дами.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.