Студените денови се пред нас и ќе нè стигнат многу скоро. Тоа нека не биде пречка за вашата добра волја. Уживајте во зимата, таа е прекрасна. Практикувајте ги овие 12 активности и не само што ќе ја преживеете зимата, туку и ќе ја обожавате.rn
1. Наполнете ја кадата
rnОдвојте време за долго потопување во када со етерични масла и шампони. Ќе ве релаксира и ќе ве одмори. А за таа цел исклучете го телефонот, барем за време на бањата.
rn
2. Вежбајте
rnПрактикувајте го вежбањето, ако ова е премногу амбициозно за вас, барем практикувајте јога. Ќе ве загрее во ладните денови.
rn
3. Читајте книги
rnЕдна или две, па и повеќе неделно!
rn
4. Повторно прегледајте ги сите сезони од вашата омилена серија
rnИли започнете со гледање неколку нови.
rn
5. Поминувајте го времето со деца
rnДоколку некој ваш роднина или пријателка има бебе почесто посетувајте ги. Со бебињата и децата ќе си играте и ќе ги гушкате. Така вашето време ќе биде исполнето со многу љубов и среќа.
rn
6. Научете да готвите
rnНаучете или усовршете го готвењето. Не поради другите, импресионирајте се себеси!
rn
7. Поминувајте повеќе време со семејството
rnОдвојте макар еден ден во неделата и посветете го целосно на вашата фамилија, ќе направи да се чувствувате потопло.
rn
8. Дружете сè
rnИ кога ви е ладно и кога не ви е до излегување, излезете. Знаете, секогаш кога не сакате да излезете, токму тогаш се случуваат најубавите вечери.
rn
9. Направете нови комбинации во гардеробата
rnОдличен повод да ги повикате пријателките, зар не? Со нив ќе дојдете до нови идеи за тоа како да ги направите новите комбинации со облеката во плакарот.
rn
10. Направете маратонски шопинг
rnПовторно повикајте ги пријателките, посетете ги сите продавници во радиус од 400 километри! Тоа ќе биде одлично поминат ден.
rn
11. Одете на зимување
rnНа секого му е потребна оддишка. Одете на планина, дишете чист воздух, а во ладните ноќи грејте се со партнерот покрај топлата печка.
rn
12. Журкајте сè
rnОдете на забави, дружете се со различни луѓе, разменувајте енергии, запознавајте се! Споделувајте љубов и среќа, во тоа е содржана убавината.

