Книга: „Ништо“ – Кармен Лафорет

Книга: „Ништо“ – Кармен Лафорет

Приказна за созревањето на една млада девојка во пост-воена Шпанија, која нема да ве остави рамнодушни
Книга: „Ништо“ – Кармен ЛафоретНаша оценка: 7/10
Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 8,71 од 10)
Loading...

Ако ви кажеме дека „Ништо“ се наоѓа на светската листа од 1001 книга кои мора да ги прочитате во текот на вашиот живот, ќе ве заинтригираме ли доволно? Ако не, дајте ни друга шанса. Станува збор за едно од најмоќните и најважните книжевни дела од пост-воена Шпанија, напишано кога самата авторка имала само 23 години. Она што на литературните критичари не им е јасно, е тоа како оваа млада изолирана девојка успеала да создаде нешто што може да стои на исто рамниште со светските книжевни класици? Сепак, да не забораваме дека имагинацијата не познава граници. Постојат и слични примери во литературата, како оние на сестрите Бронте, кои иако не виделе ништо од реалниот свет, создале еден посебен и неповторлив имагинарен свет, плод на нивната фантазија.

Издадена околу 5 години по граѓанската војна во Шпанија, „Ништо“, баш како што кажува и самиот наслов, е типична книга за пост-воен период, срушени надежи и идеали, готска атмосфера и мрачни гледишта, слично како „Пуста земја“ на Елиот. Сепак, самото раскажување на младата девојка, кое патем навестува автобиографски тон, дава една нова свежа перспектива, зрачи со смиреност, едноставност и енергија која нема да ве остави рамнодушни.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


По смртта на нејзината мајка, Андреа, исто како и самата авторка, го напушта родното огниште на 18-годишна возраст за да се пресели во големата Барселона и да студира книжевност. Мрачната атмосфера во станот на нејзиното семејство во Барселона, ни одблизу не ѝ навестува можност за остварување на нејзините соништа во големиот град на можности. Во станот живеат бабата на Андреа која ретко спие, постојано е загрижена и многу заборава, нејзините двајца вујковци, една католичка тетка која сака да ѝ држи предавања, жената на нејзиниот вујко Хуан, нејзиното синче, една слугинка и едно смрдливо куче. Еден од нејзините вујковци, Роман, е музичар кој бесцелно лута по светот и патува како типична изгубена боемска душа. Другиот вујко Хуан, е сликар кој ја тепа својата жена и секојдневно ја опсипува со пцости. Глорија пак, пред да му стане жена на Хуан била љубовница на неговиот брат, додека ликот на слугинката е опишан како типична љубопитна слугинка која се сити на несреќите на своите газди.

Андреа е чудна и повлечена девојка која во училиштето ја запознава Ена, единствената девојка која ја прифаќа. Андреа има чуден, но волшебен карактер кој ќе ве натера да ја анализирате и будно да ги следите нејзините постапки. Својот месечен надомест го троши така што живее како цар првите три дена, за во остатокот од месецот да живее како голтар. Таа воглавно ги троши парите на цигари, слатки и цвеќиња за мајката на Ена.

Книга: „Ништо“ – Кармен Лафорет

Андреа е прекрасен наратор. Лафорет напишала бројни дела во текот на нејзиниот живот, и како што самите критичари велат, тие биле подобро напишани, попрецизни и поправилни од „Ништо“, но ниедно не успеало да ја надмине неговата генијалност. Книгата ни опишува една многу јасна слика од Шпанија во пост-воениот период. Воглавно гради спротивности и контрасти како оној меѓу сиромашните семејства со изгладнети членови и богатите кои можат да си дозволат раскош.

Нека не ве плаши мрачната и морничава атмосфера на романот, бидејќи чистата интелигенција, остриот јазик, дозата радост и надеж во раскажувањето на Андреа е воздигнувачко чувство. „Ништо“ е модерна приказна на срушени соништа, илузии и идеали по војната, филозофска книга која ќе ве поттикне на размислување и истовремено стилски воздигната.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 3 декември 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Marina Reply

    #СакамКнигаОдТРИ за кафе пауза 😉

Остави коментар