Во денешно време има премногу продукти за разубавување кои ги преполнуваат нашите фиоки и несесери. Таму има сѐ: сенки за очи, руменила, бронзери и што уште не. Многу важен дел од рутината при шминкањето се и четките, а овие 6 мора да се најдат во вашиот козметички несесер.rn
1. Четка за коректор
rnОваа четка има многу намени. Можете да ја употребите целата четка за нанесување коректор под очите, или да го искористите нејзиниот врв за коригирање на пегите, акните и сл. Исто така е корисна како четка за усни. Кога станува збор за четките за коректор и усни, синтетичките се многу поубави. Влакненцата остануваат на нивното место и не се виткаат како кај оние од природни влакна.rnrn
rn
2. Четка за крем-руменило
rnОваа четка служи за изедначување на кремастото руменило. Исто така често се користи и за нанесување на продукти во прав како бронзер или руменило. Таа е одличен прибор во женскиот несесер бидејќи е составена од мешавина од синтетички и природни влакна.rnrn
rn
3. Четка за руменило
rnВаквата четка служи за нежно нанесување руменило. Ако таа е премногу голема ќе нанесете премногу руменило што ќе направи да изгледате како кловн. Започнете со мала четка, а потоа можете да земете и поголеми.rnrn
rn
4. Четка за пудра во прав
rnЧетките за пудра во прав се малку накосени за да можете лесно да нанесувате шминка под окото или на капакот, или за визуелно намалување на носот. Немојте да користите голема четка за пудра во прав бидејќи лесно може да изгубите контрола врз неа. Плус, ова е одлична четка за истакнување на контурите на лицето.rnrn
rn
5. Четка за изедначување на шминката на капаците
rnОвие четки се одлични бидејќи се мултифункционални. Се користат за нанесување на сенка, нежно нанесување на пудра под очите или капакот, за изедначување на коректорот или мали корекции на шминката (прекривање на мозолчиња или визуелно намалување на носот).rnrn
rn
6. Четка за веѓи и контури
rnОваа двострана комбинација е совршена за пополнување на празните простори во веѓите и создавање на мачкините очи. Обожавана е од голем број дами поради нејзината разновидна употреба како средување и обликување на веѓите и отстранување на вишокот маскара со апликаторот.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.