КАФЕ ПАУЗА

Викенд книга: „Совршено несовршен пар“ – Сузан Елизабет Филипс

Written by

in

Тој ја бара совршената жена… Таа е сè само совршена не.

rn

Наша оцена: 6/10

rn

Ваша оцена: [ratings]

rnrnvikend-kniga-sovrsheno-nesovrshen-par-suzan-elizabet-filips-kafepauza.mkrnrnУште една откачена романтична комедија на Сузан Елизабет Филипс. Ни се допаѓаат нејзините наслови и продолжуваме да ги одбираме и рецензираме. Се надеваме дека сте расположени за уште едно лудо, романтично и комично возење. После „Сонувај малку“, најновиот македонски превод на Филипс е пред вас, па се надеваме дека ќе уживате во „Совршено несовршен пар“.rnrn


rn

Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги

rnrnrn


rnrnХит Шампион (како и да ви звучи неговото име), минал низ тешко детство и апсолутно го заслужува секој успех кој го кити во животот. Но, има еден голем проблем. Животот со татко пијаница оставил длабоки траги кај Хит и сега тој има голем проблем при емоционалното поврзување со луѓето. Решен дека мора да се скраси на едно место и да си најде сопруга, тој најмува агенција која треба да му најде добра сопруга, соодветна да го носи името Шампион. Па, не е шега, тој е најпознатиот, најдобриот и најуспешниот спортски агент во градот.rnrnТокму тогаш на сцена настапува Анабел, симпатична црвенокоса девојка на која навистина ѝ е смачено да се чувствува како единствениот губитник во звучното семејство на банкари и доктори. Желна да го преземе бизнисот од нејзината покојна баба, Анабел е решена нејзината агенција за наоѓање партнери да стане успешна и позната. Токму поради тоа знае точно каде да „нападне“, па упаѓа во канцеларијата на Хит убедувајќи го да ѝ даде шанса за да го запознае со совршената жена за него.rnrnСе разбира, работите тука почнуваат ужасно да се комплицираат и заплеткуваат. Анабел е сè само совршена не. Всушност таа е повеќе како катастрофа во движење. Но, по толку неуспешни обиди да си најде жена, Хит почнува да се прашува, колку совршена треба да биде неговата жена?rnrnКнигата е лесна, забавна, ќе ве расположи, ќе ја прочитате за ден или два. Мора да спомнам дека на моменти делува филмски и е доста предвидлива. Сепак, тоа не ме спречи да уживам, да заборавам на моменталните грижи и обврски и да навивам Хит конечно да си најде жена бидејќи станува напорен со неговите барања! :)rnrn
Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 30 ноември 2014.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn